2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

 Деновиве, во издание на книгоиздателството „Матица од Скопје“ од печат излезе најновата книга поезија со наслов „Песни за Палестина“ на познатиот битолски поет, долгогодишен новинар и публицист Панде Манојлов. Книгата содржи шеесетина песни исклучиво посветени на Палестина и страдањата на палестинскиот народ под окупација како и неуморната и праведна борба да се дојде до слобода.

Педесетина битолчани имаа можност да учат за брендирање од Роланд Симон, бренд стратег и специјалист за маректинг комуникации. Роланд пред присутните на настанот организиран од Пред Плус Фондацијата во соработка со Швајцарската програма за претприемништво поддржана од Швајцарската влада отвори интересни прашања и теми поврзани со една стара констатација дека брендирањето е карактеристика на големите компании.

Момче се повредило при скијање денес на Пелистер и со Брза помош било пренесено во Клиничката болница во Битола. Повредениот е наш иселеник во Америка кој бил дојден на гости и денес скијал на Пелистер.

Од Битолската болница за Апла.мк потврдија дека младо момче било донесено со скрешеница на ногата добиена при пад од скијање.

„Пациентот е згрижен, извршени се рендген прегледи, дадена му е целосна медицинска помош. Извршени се и други прегледи и не е констатиран друг проблем во однос на здравјето“, соопшти Сузана Конеска, портпарол на Клиничка болница Битола.

215 ученици од цела држава се натпреваруваа во пет категории на Државното првенство во скијање за основни и средни училишта што се одржа на Пелистер во организација на Федерацијата и Општинскиот сојуз на училишен спорт.

Утре Ски центарот „Копанки“ на Пелистер е домаќин на два истовремени настани „Пелистерскиот велеслалом“, традиционален алпски куп за деца од 6 до 16 години, во организација на Агенцијата за млади и спорт со техничка поддршка на Ски клубот „Пелистер“ и  хуманитарниот ски - настан со мото: „Излези од маглата и дојди на О2 "во организација на Ротаракт Клуб Скопје-Центар. Двата настани почнуваат во 10 часот.

Велосипедската трка „Трофеј Битола“ што ќе се одржи во недела во Битола всушност е иницијатива за возобновување на трката што во минатото се случувала  традиционално за 4 Ноември, Денот на ослободувањето на Битола.

Трката  во недела ќе се одржи  во Градскиот парк со почеток во 11.30 часот за пионерите како претходница на официјалниот дел кој започнува во 12часот. Натпреварот ќе биде во четири категории и тоа, кадети кои ќе возат 30 минути, мастерс 40 минути, јуниори 50 минути и сениори 60 минути. Сите учесници ќе мора да ги почитуваат пропишаните правила да возат со заштитна опрема, кацига и исправен велосипед, тркалата да се 28-ки, широчината на делот за управување да не биде поголем од 50 сантиметри и друго.

Организаторите очекуваат на трката да земат учество над 30 велосипедисти и уште дваесетина тинејџери кои возат од хоби.

„Порано се одржуваше традиционално трка за 4 Номеври од Маково до Битола или од Гермијан до Битола. Но, се случуваше да падне снег, да се влошат временските услови и така таа традиција замре. Сега сакаме оваа трка што ќе се одржи во недела всушност да биде почеток за обнова на ваквата традиција, со тоа што би се одржувала секој 4 ти Ноември во Градскиот парк во Битола“, рече Африм Јусуфи, претставник на организаторите на „Трофеј Битола“.

Пратеникот во македонското собрание Горан Милевски за Гласот на Америка на македонски изјави дека очекува до крајот на оваа или почетокот на следната година во САД да заврши постапката за ратификација на Проколот за НАТО.

Битолчанецот Константин Шкодрану по професија фармацевт, пред повеќе од еден век имал самостојни изложби во Фиренца, Италија, ја насликал Влашката црква во Битола, а во градските куќи оставил ѕидно сликарство со мотиви од Венеција. Ова е уште еден уметник од крајот на 19 и почетокот на 20 век кој докажува дека Битола се развивала по европски терк.

Поранешната членка на ДИК, Анета Стефановска од ВМРО-ДПМНЕ, во завршен збор за „Титаник“ кај што е обвинета за гласање по нарачка да се поништи чист прв изборен круг во Струмица на локалните избори во 2013 година, денеска плачеше во Кривичниот суд, пренесе порталот СДК.МК.

Работникот кој вчера починал при изградба на стадионот кај Тумбе кафе во Битола паднал од скеле високо еден метар и 90 сантиметри. Очевидци велат дека скелето не било многу високо, туку падот бил незгоден за 58 годишниот градежен работник Д.Д од битолското село Црнобуки. Според битолската полиција, работникот починал вчера околу пладне откако изгубил рамнотежа и паднал од скеле на бетонска подлога при изградба на стадионот кај Тумбе кафе во Битола. Од екипа на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Битола каде му биле констатирани тешки телесни повреди, па бил префрлен во болница во Скопје каде починал.

На местото на несреќата бил извршен увид од СВР Битола во присуство на трудов инспектор. Очевидци велат дека кога стигнала трудовата инспекција лицето било веќе подигнато од местото за да му се укажи лекарка помош. Другите работници во изјавите што ги дале за надлежните рекле дека работникот носел заштитна опрема, а неа ја носеле и останатите градежници кај стадионот. За време на несреќата се вршело бетонирање, а работникот бил на скеле високо само еден метар и 90 сантиметри, а широко околу еден метар што било доволно за тој да може да се движи низ него. Надлежните служби понатаму ќе истражуваат дали скелето било обезбедено со ограда, дали просторот околу него бил заштитен, дали врз работниците бил направен редовен лекарски преглед и други детаљи за да се утврдат причините за несреќата.

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани