2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Здружението на пензионери од Битола донираше парични средства за наградите на конкурсот за краток расказ „Баба“ што го распиша Организацијата на жени од Битола по повод 8-ми Март.

Во категоријата возрасни беа доделени три награди, од кои прво место за Ели Маказлиева за расказот „Планина од полски цвеќиња„, второ место Габриела Стојаноска Станоеска за „Баба Неша“ и трето место Снежана Паноска за „Душата на мојата баба“.

Од учениците првото место го освои Маихаела Марковска од ОУ „Браќа Миладиновци“ од село Добрушево за расказот „Љубов со големи дела“, второ место Лела Стојановска од ОУ„Климент Охридски“ од Битола за расказот „За баба“ и третото место Николче Вашеревски од село Ношпал за расказот „Љубов со големи дела“.

Во забавниот дел децата од големата група од градинката Мајски цвет со нивната учителка Татјана Грегова изведоа стихотворби, песнички, а поставија и изложба на детски творби на тема ,,Мојата баба,,.

Организација на жени од Битола по шести пат ги додели наградите за краток расказ за конкурсот што го објавуваат по повод 8 –ми Март.DSC 0008

DSC 0028

За женската кошарка има иднина, но многу работи треба да се подобрат, вели младата талентирана битолска кошаркарка. 

Пред два дена исчезнало 11 годишно момче во Битола. Според полицијата во понеделникот околу 14.30 часот  било пријавено дека од својот дом  се оддалечило 11-годишно дете од Битола, кое предходно неколку пати се оддалечувало и се враќало. Исчезнувањето го пријавил таткото на детето. Семејството живее на улица „Мукос“ во Битола.  Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, а стапено е и во контакт со Центарот за социјални работи од Битола.

Битолскиот Завод за рехабилитација слух, говор и глас го опслужува целиот Југозападен Регион во земјава, а има само осум логопеди. Недостатокот на логопеди во нашата држава е евидентен и треба да се обрне внимание на тој проблем, изјави Дивна Живорадиќ Најдовска, директор на Заводот во Битола на стручната конференција што се одржа по повод Европскиот ден на логопедијата во Битола , а тема беше аутизмот.

Ристо Најденов од битолското село Цапари кој се смета дека прв во Македонија увезол автомобил на почетокот од минатиот век, со фотографска опрема и фотоапарати го снабдувал Милтон Манаки, пишува битолскиот новинар и фотограф Петар Ставрев, уредник во списанието „Знаетчија“  обновено по повеќе години пауза.

„Во историските анали е запишано името на некој си Ристо од село Цапари како прв професионален возач во 1912 година. Првиот автомобил во земјава бил Форд Т што во Битола бил донесен од Детроид и чинел 850 тогашни долари. Во Скопје пак, првиот автомобил бил донесен во 1911 година од марка „рено“, а го донесле браќата Ашамии. Битола и Скопје во тоа време биле најавтомобилските градови на Балканот, а пред нив предничеле само Солун и Цариград“, пишува Ставрев во „Занетчија“ повикувајќи се на податоци од новата монографија на професорот Никола Панов.

Од роднини на возачот Најденов дознал дека тој патувајќи низ Европа по делови за своите автомобили, автобус и земјоделски машини, а како добар пријател на Милтон Манаки често од странство му набавувал фото опрема и фотоапарат. Манаки, пак го фотографирал на велосипедски и автомобилски трки.

Пишува м-р Билјана Галовска Coaching&NLP

Весна Гагаловска, наставник во Основното училиште „Тодор Ангелевски“ во Битола, со своето 20 годишно работно искуство, во 2014 година се здоби со наградата за Најдобар просветен работник во Битола, а оваа година е избрана меѓу 40 најдобри просветни работници од петте поранешни југословенски републики. Таа е единствена наградена наставничка од Битола , а меѓу деветте од Македонија.

Битола поради сообраќајниот калабалак, но уште повеќе поради  загаденоста на воздухот има обврска да ја зголеми и унапреди масовноста во користењето на велосипедите. Ова е препораката од велосипедската трка „Трофеј“ што во организација на Велосипедска Федерација на Македонија и Велосипедскиот клуб „15 мај“ се одржа во Битола.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани