АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сенозорна соба за децата со посебни потреби е отворена денеска во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ од Битола. Во активностите во оваа сензорна соба покрај децата кои посетуваат редовна настава во ова училиште, можат да бидат вклучени и останатите кои ќе имаат потреба.
Кога те градеа
во темелите
ти фрлија семе
од најубавите битолски
ѓул трендафили,
семе
берено по дворовите
на куќите
од центарот на Битола
и битолските маала:
од Чифтефурни,
Влашко маало
до Ѓенимаале
и Еврејската маала,
од Дрвен пазар
до Ат пазар...
И сите убавини
ги собирале мајсторите,
сите мириси на парфеми
од битолските дами
и еснаф фудулите
од битолската чаршија,
во темелите
да ги вградат
како столбови
за идното време.
Не старееш, знам,
зошто, секогаш,
со млади си
во твоите клупи,
Гимназијо Горна,
и мирисаш на младост,
мирисаш
на љубов,
на ѓул трендафил
мирисаш
и спомени
од твоите клупи!
19.2.19. Панде Манојлов
Извршниот одбор на Здружението на пензионери од Битола, под претседателство на Томе Димитровски, ја усвои финансиската програма за минатата година и се осврна на активностите спроведени од 21 септември 2018 година кога новото раководство стапи во функација.
„Извештајот за работата во овој период е рален и многу динамичен“, соопштуваат од Здружението на пензионери од Битола.
Планираат во текот на оваа година да се зголемат активностите на културен и спортски план бидејќи битолските пензионери учествувале во сите активности што ги спроведе Сојузот на здруженија на пензионерите.
Со мал грант од Балканска Музејска Мрежа, поставена е подлога преку која Н.У. Завод и музеј Битола, своите музејски поставки ќе ги направи подостапни за сите лица. Преку збогатување на музејската веб страна и имплементација на QR кодови се имплементира нов пристап кој го збогатува доживувањето кај секој посетител.
Имено, средствата Балканска Музејска Мрежа се употребени за изработка на 14 аудио снимки со нарација на македонски и англиски јазик и 14 видео снимки со интерпретација на знаковен јазик на текстови за 14 експонати од постојаната музејска поставка. До нив може да се пристапи преку специјани изработени и поставени кодови до самите екпонати, кои може да се скенираат со таблети и паметни телефони. Со нивното поставување, еден дел на предметите на постојаната поставка се веќе достапни и за посетителите со оштетен слух и говор, но и за сите посетители на веб страната.
Овие сончеви денови расте бројот посетители на пешачката зона што ги повзрува туристичките места Претор со Сливница и Крани. Местото слободно може да се нарече Преспанско корзо. Само викендов таму имаше околу петстотини гости од Битола, Прилеп, Ресен и други градови и околни села. Дел рекреираа трчајќи, везејќи велосипеди и ролери, а други пешачеа. Целата патека е долга околу пет километри во еден правец и е рамна без угорнини и удолнини, па е прикладна за пешачење и на деца и на постари лица.
Ученици од деветто одделение од Основното училиште „Тород Ангелевски“ од Битола постигнаа голем успех на регионалниот натпревар по германски јазик што се одржа викендов во Прилеп. Деветтодделенците од ова училиште, на кои им предава наставничката Симона Монавчева, освоија две први и две втори места на натпреварот. Првото место го освоија Кристина Мицковска и Елена Марковска, а втортото место Илиана Николовска и Петар Божиновски. На натпреварот учествуваа ученици од Битола, Прилеп, Кавадарци, Неготино и други општини. Од ова училиште редовно постигнуваат високи резулати и на натпреварите по други предмети.
Во горниот дел на главната битолска улица Широк Сокак, на потегот од некогашното кино „Македонија“ до вино бар „Буре“ и на улица „Рузвелтова“ в недела, 17 февруари, во периодот од 7 до 15 часот, ќе има прекин во водоснабудувањето, информираат од ЈП „Водовод“-Битола.
Станува збор за дефект, а екипите на ЈП „Водовод“ во овој период од денот ќе работат на санирање на водоводната мрежа.
Најстариот жител на Битола има меѓу 514 и 568 години. Тоа е градскиот чинар, природна реткост која се вбројува меѓу најстарите дрвја на Балканот. Во Македонија постари од него се само охридскиот и скопскиот чинар. Векови поминале покрај него, а овој природен феномен и по толку долг живот како да останал вечно млад.
Фотографија од стариот иконостас во соборниот храм „Св. Никола“ во Крушево кој изгорел во 1903 година за време на Илинденското востание, беше објавена денес на фејсбук профилот Крушево.
-Ова е најголемото достигнување на протомајсторот Петре Филиповски Гарката и неговиот зет Димитар Станишев. Но, за жал Гарката на крајот на изработката ослепел, запиша под фотографијата познатиот битолски копаничар Злате Крстевски.
Последната деценија на XX век и век и првите две децении на XXI век е еден краток, но како ретко кој друг историски период конфузен и тежок за класификација. Некои го нарекуваа транзиција, според дефиницијата на Емил Диркем многу наликува на аномија, според Марксовиот поглед можеме да го карактеризираме како крах и врвна криза на светскиот капитализам, според Маршал тоа е глобализацијата во своите породилни маки итн итн. Во суштина ќе го препознаете во бројни филозофски идеи, и размисли, но сепак останува прашањето „што “ навистина е ? Доколку се направи проста компарација и сумаризација тогаш лесно се доаѓа до заклучок дека основните карактеристики на овој период се: кризата, невладеење на општествени норми, сиромаштија, крвопролевање, националистички стеги и одлагање на дејствијата. Токму ова одлагање односно мораториум е клучниот термин.
Во природата на човековиот дух е да прави психолошки бариери и порекции, да гради своја комфорт зона, односно да ги одлага и прикрива реалните проблеми за определено време а притоа да чувствува определено задоволство. Ако оваа аналогија се пренесе на социо политичко и општествено еконоско ниво тогаш тоа значи дека овој мораториум на владеачките кругови им носи: власт, моќ и пари. За разлика од придобивките кои ги имаат властодржците, населението ја пробива рамката на сиромаштија, секоја година се повеќе се руинира производниот систем а тоа по природа генерира невработеност, а невработеноста социјални немири и проблеми. Немање на економски средства и слаб примарен сектор предизвикува крах во терцијалниот сектор. Од тука сосема едноставно е да се заклучи зошто во основа ги имаме проблемите во здравството, образованието како два носечки столба кои кога попуштаат, носат потполен крах на општеството како целина. Овие предпоставки налагаат да се постави едно важно прашање. Како во ваков период на „одлагање“ во суштина преживуваат политичките партии и политичари кои се присутни на политичката сцена колку што е и овој мачен период?
Политичките партии односно политичарите многу вешто го користат па и до определена мерка ги креираат ваквите состојби. Добивање на избори, без нудење на никаква економска платформа, со празни ветувања на реформи, проткаени со силна нитка на национализам, етноцентризам и фашизам. Согледувајќи ја реалноста, човекот како битие кое е делумно материјално и делумно духовно, истакаено со нитките на егоизмот, скоро секогаш за своите грешки обвинува некој друг. Кон ова се додава и карактеристичното чувството за историцизам, односно чувството за своето минато и пред кој секој нас во определена мера го носи во себе. Вештото комбинирање на овие преддиспозиции, го дава рецептот за успех и преживување на политички елити. Соочувајќи се со лошата реалност, народот бара и трага по славно минато, тоа минато некогаш и некаде поради некого прекинало. Имајќи ја предвид бурната историја на Балканот, многу е лесно скоро во секого да вперите прст и да го обвините. Според некоја дедукција тогашниот непријател, кочничар итн. е и сегашен. Доколку ова го ставите во мас медиумите и го форсирате секојдневно, тоа од определена квази историја, ќе стане реалност. Со други зборови релноста ја одлагате односно и ставате мораториум а на нејзино место носите некаква квази историска, полна со предрасуди и халуцинации реалност. Работникот, бедниот болниот, сега добива некаква слика дека власта не е таа што е виновна туку некој определен етникум/вера, или некоја надворешна сила. Вакво одлагање на реалноста е интересно што може да се случи и со проекција за „среќата во идниот век“. Безмалку по истиот метод објаснет погоре, со речивост и ревносност на средновековната, феудална схоластика и демагогија. Две Потемкини села, во кои како во логор е заробено населението и кои се меѓусебно спротиставени и водат исто така безсмислена војна кој е за иднината кој е против неа а во суштина и двата табори се заглавени во некој неопределен простор и време кој не кореспондира со реалноста.
На прв поглед оваа состојба наликува дека ќе трае се додека властодржците сакаат, односно со речникот на теоретичарот Махир Чајан се додека „ се одржува вештачката рамнотежа“. Заборавениот Хегелов „Дух на промената“ сепак ја работи својата работа, подмолно. Сфаќајки ја безцелноста на одложувачките Потемкинови села, нивните идеи и спорови, народните маси се почесто и побројно одбиваат да учествуваат во битките на кметовите на тие две села. Мораториумот преоѓа во апатија, апатијата во страдање а страдањето во идеализам. Идеализмот предизвикува бавно но силно обединување на двата предходно спротиставени Потемкинови табори, на основи сосема спротивни од тие кои ги разделуваа. Обединувачка рамка стануваат: социјалната правда, економија, образование, здравство, накратко речено целокупна ренесанса на општеството. Оваа ренесанса скоро никогаш не се случува со „општествен договор“ што своевремено го заговараше Русо. Силните и коренити промени бараат, длабоко прочистување на што се покажа како неквалитетно, медиокретско и безперспективно. Општествена ренесанса може да се случи само со општествена револуција. Револуција на свеста, на знаењата, дејствувањето, производството, живеењето. Потполно укинување на се неквалитетно а етаблирање на се она корисно, прогресивно и перспективно.
Крајот на мораториумот секогаш е тежок. Првиот удар се нанесува со соочување со суровиот материјализам и реалност. Крајниот удар е општата социјална револуција. Дефинитивно заминување од историската сцена ќе се случи во оној момент кога во пост револуционерниот период ќе се уцврстат здравите вредности, норми и дејствија од сите аспекти. Притоа секогаш, секој треба да е свесен од ризикот за повторно застранување. Таа неминовна свесност, во суштина е основниот гарант и механизам за спречување на повторно повампирување на предхоните мораториумски Потемкинови состојби. Борбата и истрајноста е клучниот елемент за успех! Патот кон великолепниот крај е тежок но е секогаш проткаен со мислата на Брехт „Оној кој се бори може да изгуби, оној кој се откажал веќе изгубил“ а успехот на борбата со мислата на Маркс „Критика кон се и секого“.
Пишува: Васко Гичевски студент на Институт за Историја при Филозофски факултет, УКИМ, Скопје