2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

За в.д директор на СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ е назначена Жанета Сервини, дипломиран електротехнички инжинер, која доаѓа на местото на досегашниот директор Владимир Роме по неговото разрешување, соопштија од Општина Битола. 

Од основните училишта, мандатот му претстанува на директорот на ОУ „Св.Кирил и Методиј“, Душко Костовски, а на негово место за в.д директор се назначува Жанета Тошевска.

Синдикатот на РЕК Битола ќе му помогне на нивниот член и колега, Сребрин Поповски во обновување на неговата куќа која изгоре во пожар на 1 јули. 

Управниот одбор на Синдикатот одлучи да му додели на Сребрин 50.000 денари неповратна финансиска помош, а ќе му обебзеди и неколку апарати за домаќинство. 
 
,,Солидарноста со нашите членови е прва и основна задача на Синдикатот. Ќе помогнеме секому и секаде, согласно можностите и околностите. 
Со надеж дека во иднина ќе нема случаи во кои ќе треба да помогнеме за намалување на болката или последиците од немили настани, на Сребрин и семејството му посакуваме што побрзо обновување на куќата", рекоа од Синдикатот на РЕК. 

Јадранка Павловска од СДСМ е нов советник на Општина Битола, која доаѓа на местото на досегашниот советник од НСДП Зоран Ѓоргиев кој стана директор на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор. 

Павловска на денешната седница даде свечена изјава дека одговорно ќе ја извршува советничката функција. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани