2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Кога станува збор за почитување на правата на децата, теоретски Северна Македонија има добра правна рамка дизајнирана според меѓународните стандарди, меѓутоа заостанува со имплементацијата во пракса. Експертите и невладините организации оценуваат дека државните институции треба да прават многу повеќе на овој план. Нашата земја, во Извештајот за напредокот објавен од Европската комисија, беше остро критикувана во врска со почитување на правата на децата, пишува Порталб.мк

Од Шефкије Аласани

Останува висок бројот на прекршувања на правата на децата во Северна Македонија. Само во првите 45 дена од 2022 година во Канцеларијата на народниот правобранител се поднесени 23 претставки, а во текот на минатата година оваа институција постапила по 254 предмети за прекршување на правата на децата. Во текот на 2020 година за истите прекршување биле поднесени 111 претставки. Повеќето поплаки и понатаму се поднесуваат од родителите / старателите, а не од самите деца.

Народниот правобранител во текот на 2021 година има постапено во вкупно 254 предмети од областа на правата на децата, од кои 20 предмети за заштита на малолетници од насилство. До 16.02.2022 година пристигнати се вкупно 23 претставки од областа на правата на децата, од кои 1 предмет е поврзан со заштита од насилство, изјавија за Порталб.мк од Канцеларијата на народниот правобранител.

Меѓаши: За 30 отсто се зголемени прекршоците во 2021 година 

Кога станува збор за кршењето на правата на децата, вознемирувачки податоци беа презентирани и во годишниот извештај објавен од Детската амбасада „Меѓаши“. Според овој извештај, во текот на 2021 година, во Детската амбасада „Меѓаши“ бројот на пријави за прекршување на правата на малолетниците е зголемен за 30 отсто и регистрирани се вкупно 449 случаи.

 

Од „Меѓаши“, за Порталб.мк, изјавија дека во изминатата деценија се работеше на реформи засновани на концептот на ресторативна правда и заштита на најдобрите интереси на децата и нивните очекувања беа системот за заштита на правата на децата или институциите да функционираат посилно и поорганизирано со цел да се минимизираат ризиците за насилство врз децата, да се обезбеди брз и адекватен третман, грижа и заштита.

Ако зборуваме за домашната правна рамка за правата на детето, можеме да кажеме дека таа во голема мера е усогласена со меѓународните стандарди, но главна пречка за целосно остварување на правата на децата останува слабото спроведување на законот, недостатокот на добро дизајнирани стратегии, ограничено финансирање, како и недостаток на човечки, професионални и технички ресурси. Она што го забележуваме како голем проблем е фактот што кај нас, кога станува збор за насилството врз децата, напорите се насочени кон тоа како да се казни насилникот, а не како да му се помогне на детето. Законот за правда за децата е донесен и време е вистински да се имплементира. Законот вели дека обезбедува целосна заштита на децата и нивен правилен развој кога тие се појавуваат како сторители на незаконско однесување, а и кога се во состојба на виктимизација, а токму тоа е она што не треба да се заборави, значи децата жртви не треба да бидат заборавени од системот. Потребно е институциите да имаат интегрирани техники кои на децата жртви ќе им понудат полесен начин за ресоцијализација со своите врсници, велат од Детската амбасада „Меѓаши“.

ЕУ ја критикува РСМ за почитување на основните права на малолетниците

И покрај високото ниво на нормативно усогласување со меѓународните стандарди за правата на децата, постои недоследност на законите, неефикасен мониторинг, недостаток на релевантни податоци и потреба од покоординиран пристап во борбата против насилството врз децата, како и подобрување на имплементацијата на малолетничката правда. Ова е констатирано во Извештајот за напредокот на Северна Македонија, објавен во ноември минатата година од Европската комисија.

Правното тело, одговорно за надзор на спроведувањето на Конвенцијата за правата на детето (КПД) не е целосно оперативно. Треба да се подготви механизам за следење на спроведувањето на КПД и акционен план за деца, со соодветен буџет и секторски модели кои ќе обезбедат ефективни услуги за децата. Потребна е размена за собирање и анализа на податоци фокусирани на децата. Податоците за ранливите групи како што се децата со попреченост или децата од ромската заедница треба дополнително да се подобрат за да се овозможи конзистентна анализа на политиките, се вели во Поглавјето 23 од извештајот „надлежност и основни права“.

Ведије Раткоцери, доцент од областа на кривичното право на Правниот факултет – УЈИЕ, во разговор за Порталб.мк набројува неколку фактори зошто нашата земја  доби ваква оценка од ЕУ што се однесува на почитувањето на правата на децата.

Сметам дека оваа оценка доаѓа од повеќе причини, почнувајќи од немањето акционен план за заштита на правата на децата, потоа целосното функционирање на механизмите за следење на имплементацијата на Конвенцијата, недостатокот на национални истражувања и статистички податоци за имплементација на правата на децата и идентификација на ранливите категории деца и така натаму, истакна Ведије Раткоцери.

Од Канцеларијата на народниот правобранител истакнаа дека Националната стратегија за заштита на малолетници е изработена согласно сите меѓународни стандарди.

Националното координативно тело за превенција и заштита на децата од злоупотреба и запоставување во 2017 година, предводено од МТСП, донесе одлука за системски пристап и развој на Националната стратегија за превенција и заштита на децата од насилство (2020-2025) и Акционен план (2020-2022), кои се во согласност со сите релевантни меѓународни документи, регулативи и прописи. Националната стратегија предвидува зајакнување и унапредување на системот за имплементација на сеопфатна заштита, третман и рехабилитација на децата жртви, преку ефикасна меѓусекторска соработка, протоколи и функционирање на секој поединечен дел од системот за заштита на децата од насилство во социјалата, здравството, образованието, полицијата и правните системи, рекоа од Канцеларијата на народниот правобранител.

Сепак, имплементацијата на оваа стратегија, во Извештајот на Европската комисија за нашата земја, е оценета како слаба.

„Усвоена е национална стратегија за да се стави крај на насилството врз децата (2020-2025), но сè уште има предизвици со нејзината целосна имплементација“, се вели во Извештајот за напредокот.

За универзитетската професорка, Ведије Раткоцери, малолетниците треба да бидат приоритет на надлежните институции. Но, покрај институциите, многу важна улога во заштитата на правата на децата има и општеството.

Човековите права започнуваат со правата на децата. За жал, децата како чувствителна и кревка категорија на општеството лесно можат да бидат жртви на насилство во и вон семејството како и на разни злоупотреби, па затоа треба да бидат во посебен фокус на надлежните државни институции. Овој фокус треба најпрво и особено да биде во обезбедување на правата на децата, а потоа на нивната заштита, но сметам дека оваа улога не се однесува само на институциите туку на сите нас, односно на општеството генерално и на претставниците на сите професии, а особено на оние што може да имаат контакт со децата во која било форма. Заштитата на правата на децата треба да започне од семејството, родителите, училиштата и да продолжи понатаму во сите други институции, порача професорката Раткоцери.

Во Извештајот на ЕК, исто така, се истакнува дека постојат празнини во одговорот на системот за заштита на децата на предизвиците на интернет- злоупотреба (интернет – вознемирување).

Нема достапни програми за рехабилитација, ресоцијализација и реинтеграција на децата жртви на насилство, се вели во Извештајот.

Во однос на ова прашање, „Меѓаши“ оценува дека правилното функционирање на програмите за рехабилитација е многу важно, па дури и една од главните препораки што произлегува од Алтернативниот извештај за состојбата со правата на децата во Македонија подготвен од невладините организации. Се препорачува зајакнување на капацитетите на работниците во системот за детска заштита, за да обезбедат соодветни услуги за закрепнување и реинтеграција на децата жртви, како и отворање на безбедно засолниште/дом за деца и млади жртви на злоупотреба.

Помошта за реинтеграција на децата жртви на насилство често е недоволна, не навремена и нема континуитет, иако се прават зголемени напори за воспоставување координиран пристап за заштита на децата од насилство. Исто така, нема податоци за квалитетот на услугите и поддршката што децата жртви на сексуална злоупотреба и сексуална експлоатација ја добиваат. Повеќе од потребно е институциите да имаат интегрирани техники кои на децата жртви ќе им овозможат полесен начин за ресоцијализација со своите врсници, односно соодветни програми за рехабилитација, ресоцијализација и реинтеграција, нагласуваат од Детската амбасада „Меѓаши“.

https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo-768x180.png 768w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo.png 873w" alt="" width="300" height="70" class="size-medium wp-image-106627 alignleft b-loaded" style="margin: 5px 20px 15px 0px; float: left;" />Овој напис е изработен во рамките на проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

На 22.07.2022 во 21.50 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола-Демир Хисар, на место викано „Бели Мост“ пред с.Лисолај, патничко моторно возило „форд фиеста“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од А.А.(46) од Битола, излетало од патот. Во несреќата возачот починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани