2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Полицијата интензивно трага по 24 годишниот П.Д. од Битола чие семејство уште вчера пријавило дека лицето се оддалечило од дома.

На социјалните мрежи се споделува апел за помош доколку некој го има видено Петар во последните 24 часа во Битола, Смолево, Брусник или Лавци да ги конткатира на броевите

075888779, 078492812, 075497528, 075497526.

Објавена е и фотографија од момечто кое кога заминало од дома носело капа, црна маица и црвени кратки панталони.

Фотографиите се преземени од ФБ

295856183 10228853337020562 2550839544389939829 n

Многу градови и општини ширум регионот нудат поволни сместувачки капацитети, школарини и безброј бесплатни услуги за да ги задржат студентите и за да привлечат нови студенти во сопствениот град. Само нашиот градоначалник, Тони Коњановски своеволно, одлучил да додели стипендии за студирање на универзитет во Скопје. И тоа на приватен универзитет“, рече советничката на СДСМ Јасмина Буневска –Талевска

Како тоа градоначалниче Коњановски?

Зарем заборавивте дека Битола има универзитет?

Го заборавивте ли Универзитетот Св. Климент Охридски и неговите факултети градоначалниче Коњановски?

Знаете ли дека факултетите при УКЛО со сите сили се борат за секој еден студент да остане или да ни дојде во Битола, да ни се развива студентскиот живот и студентскиот и севкупниот стандард на Битола?

Заборавате ли дека Битола е универзитетски град, градоначалниче Коњановски?

Сте заборавиле градоначалниче, или пак, едноставно, ги продолжувате штетните политики кои ДПМНЕ ги воведе и спроведе во високото образование?

Вие, со овој чин дополнително го деградирате и потценувате високото образование во Битола.

Битола заслужува да знае:

1. Како и зошто е избран токму овој приватен Универзитет за туризам и менаџмент од Скопје?

2. Чии интереси се во прашање овој пат и ќе бидат платени со јавни пари?

3. Чиј градоначалник сте вие Коњановски - на Битола или на Скопје? Затоа што при универзитет дома и на очиглед на битолчани, вие давате единствена поддршка на приватен универзитет од Скопје, рече Буневска-Талевска. 

 

Битолската полиција соопшти дека пукањето со огнено оружје на свадби и неовластено организирање огномети зачестија во последно време при свадби и други прослави. Полицијата апелира до граѓаните да се воздржат од вакви активности. На терен се преземаат интензивни мерки за контрола и превенција. Присуството на полициските службеници ќе бидат зачестено и ќе вршат контроли за откривање и санкционирање на ваквите нарушувања на јавниот ред и мир.

„Преупредуваме дека неовластеното пукање на семејни веселби може да биде санкционирано како прекршок  и да биде кривично дело. Пукањето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а паричната глоба за ваков вид прекршок, согласно член 31 се движи од 200 до 500 евра. Покрај тоа, зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело предизвикување општа опасност, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години“, соопштија од СВР Битола.  

Свадбените огномети треба задолжително да се пријават во полиција. Истото се однесува и на други свечености кои ќе се организираат по различни поводи.

Ж.ЗДРАВКОВСКА

По кратко боледување, денес почина познатиот битолски интернист Д-р. Јорго Бошев. Целиот свој работен век го посвети на битолското здравство. Работеше во Клиничката болница „Д-р. Трифун Пановски“ во Битола на Одделението за интерна медицина. Беше прочуен експерт за лекување бубрежни болести. Битолчани го паметат како хуман и достапен лекар, експерт во својата област. 

Опелото ќе се одржи утре во Св. Димитрија, а погребот на Светонеделските гробишта во Битола.  

 

 Денеска (27.07.2022) во периодот од 08.00 до 14.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата санкционирани се 46 пешаци. За време на контролата регистрирани се и 14 останати прекршоци.
„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници“, велат од СВР Битола. 

На 24.07.2022, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот Битола, по преземени мерки и активности, на крстосница од ул.„Драгорска“ и ул.„Кирил Пејчиновиќ“ во Битола го пронашле патничкото моторно возило „цитроен ц3” со ресенски регистарски ознаки, за кое на 24.07.2022 Ј.П. од с.Подмочани, ресенско, пријави дека му беше одземено. Возилото е вратено на сопственикот.

Синдикалниот лидер на гранковиот Синдикат за енергетика, рударство и индустрија на Македонија, Васко Перчаковски, е пријавен во полиција од вработена во РЕК Битола дека физички ја нападнал на работно место. Тој демантира дека имало физички напад, вели вербалниот е кој како го сфаќа.

СВР Битола објави дека на 12.07.2022 во полициското одделение Новаци, 34-годишна жена од Битола пријавила дека на работното место во државно претпријатие била физички нападната од претпоставениот В.П.(54) од Битола. Од полиција велат се преземаат мерки за расчистување на случајот.

По оваа објава од СВР, Апла.мк го истражуваше случајот и доби информација дека пријавен е лидерот на гранковиот синдикат. До редакција беа испратени материјали на кои се слуша машки глас на работна средба во РЕК како вика „ич да не ја правиме големата, станувај од тука да не те гледам, да не те фатам за коса онаму ќе те акнам. Кој ти е шеф, јас ти сум шеф на смената. П...... голема ќе ја молиме да стани, нејќам да ја гледам , до мене нема да работи. Немој да си пуштила систем, немој да си се јавила по радиостаница оти циркуз ќе прајме“. Исто така ни беа ипратени и фотографии од отечена рака.

Редакцијата го контактираше пријавениот зашто се работи за синдикален лидер кој во принцип треба да ги заштитува вработените.

Перчаковски во телефонски разговор потврди дека е синдикален лидер и дека тој е пријавен, но вели ова е местенка и немало физички напад, а за вербален зависи кој како го сфаќа.

„ Јас сум синдикален лидер на гранков синдикат на енергетика, рударство, индустрија на Македонија. Кон ЕЛЕМ имаме повеќе судски спорови поради нивно непризнавање. Дали тоа беше поводот за местенката, не знам, знам дека сум 35 години во РЕК и моето искуство и знаење сигурно придонесле во процеот на работа. Таков чин на напад сигурно немаше , дефинитивно. Таму беа присутни и сведоци, одговорни инженери. Моето барање се состоеше во промена на дел од персоналот, конкретно госпоѓата што пријавила, да не биде во мојата смена. Или таа или јас за да има подобра работна атмосфера. Немаше физички напад, вербално кај нас постојано постои, кој како го сфаќа, јас сум тој што издава наредби и прима наредби од повисоките. Ако наредбите се некое зло што не треба да се прави, тоа е друга работа“, рече Перчаковски.

Од СВР Битола соопштија дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани