2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Бучавата од сообраќајот на одредени места покрај училишта и болница во Скопје и во Битола е дури два пати повеќе од дозволеното, покажуваат мерењата што го направија Техничкиот факултет во Битола и Институтот за комуникациски студии во Скопје во рамки на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.

Денес, кога сѐ помалку ученици има по училишните библиотеки и сѐ помалку читатели во градските, кога дел од населението на читањето гледа како на денгуба, а децата кои читаат се исмејувани меѓу врсниците, кога интернетот се обидува да ги истисне книгите од живот на луѓето, сепак битката за вредноста на книгата не е загубена. И нема да биде загубена се додека има луѓе, интелектуалци, кои постигнале многу во животот, а за книгите уште раскажуваат дека им досеганле во срцето. Надежта ја враќа пораката на македонскиот режисер Милчо Манчевски по повод Светскиот ден на книгата и авторското право.

По повод престојните Велигденски празници, со одлука на Извршниот одбор на Здружението на пензионери од Битола, деновиве на педесет социјално загрозени семејства во кои има пензионери им донираат прехрамбени производи. Донаторската акција започна во селата Буково, Горно Ореово и Крстоар, а ќе продолжи во градот Битола и уште неколку други села. Претставниците на Здужението на пензионери од Битола ја искористија оваа прилика да поразговараат со пензионерите за нивната состојба и здравје и да им го  честитаат Велигденските празници.  DSC 0311

DSC 0344

Хорот на ОУ „Гоце Делчев“ денеска ја понесе првата награда на Регионалниот натпревар за хорови и оркестри што се одржа во Битола. На натпреварот настапија ученици од основните училишта во Битола, Ресен и Демир Хисар. Но, највпечатлив беше настапот на хористите од ОУ „Гоце Делчев“ кои ги воодушевија присутните. Хорот од жирото беше награден со 99 поени. Хористите од ОУ „Гоце Делчев“ со овој пласман ќе настапат на Државниот натпревар како трогласен хор, прва категорија со 24 ученици. Тие ги исполнија композициите „Ѕвона“од Запро Запров , и композицијата „Песна за Гоце“ од Кирил Македонски . Диригент на двете композиции е Марија Арсиќ.

slika 1

Стево Пендаровски е во благо водство пред противкандидатката Гордана Силјановска Давкова според резултатите на ДИК на ново на држава од обработени 97,51 процент од гласачките ливчиња.

Во општина Битола, според ДИК, во водство е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова со освоени 17992 гласа во однос на кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски, кој освои 17766 гласа. Разликата е 226 гласови.

Од останатите општини во Југозападна Македонија, кои се во близина на Битола, Стево Пендаровски води во Ресен и Крушево, додека пак, во Могила, Демир Хисар и Новаци повеќе гласови освои Силјановска Давкова.

„Изборниот ден помина во исклучително мирна, фер и демократска атмосфера. Имавме кристачно чист, прв изборен круг од претседателските избори. Имавме скандинавски избори како што доликува на идна земја членка на НАТО Алијанската и ЕУ. Своето гласачко право граѓаните го искористија слободно, на достоинствен, демократски начин и покажаа демократска здрелост и одговорност пред општеството и државата. Спроведени се мирни, фер и демократски избори“, рече Александар Кирацовски, претседател на Изборниот штаб на СДСМ.   

 

До 18,30 часот во општина Битола на гласање излегле 46 проценти од гласачите. Во Новаци гласале 60,12 проценти, во Могила 51,17 проценти, Демир Хисар 58,36 проценти од вкупниот број на гласачи во општините. 

Во канцеларијата на Народното правобранителство во Битола денес биле поднесени пет официјални претставки од гласачи.  Две од нив, поради нарушување на изборниот молк со уфрлување на политичко пропаганден материјал во поштенски сандачиња во станбени згради и уште неколку други случаи пријавени од граѓани кои не се нашле во избирачкиот список, а личните карти им биле извадени по 8 февруари.

Излезноста на гласачите во Битола до 15 часот изнесува 32,75 проценти, соопштија од Општинската изборна комисија.  

Новаци е втора општина во државата по излезност, веднаш по Крива Паланка. Според резултатите од ДИК, до 17 часот во Новаци на гласање излегле  53,73 проценти од гласачите, а во Крива Паланка 55.03 проценти и е на прво место во државата по излезност. Меѓу општините со поголема излезност се и Демир Хисар со 51,94 проценти и Демир Капија со 52,78 проценти. .  

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани