2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Младата битолчанка Јована Здравевска пее како Витни Хјустон. Тоа го покажа преку каверот ,,I have nothing" (Јас немам ништо) од Витни Хјустон, обработен заедно со MeowDucton Production. Претходно таа изпеа кавер и на добро познатите песни ,,Virtual Insanity" на Jamiroquai и ,,Perfect" на Ed Sheeran.

Јована има само 13 години и голем талент за пеење. Таа е учи во Државно музичко училиште во Битола, свири виолина и пијано, а компонира и песни. На шести април ќе настапи на фестивалот „Андерфест“ во Скопје со свои три песни на англиски јазик. Англискиот јазик и е како втор мајчин јазик. Но, таа пее на повеќе јазици. Има освоено и второ место на државно ниво по француски јазик како вокален солист на Француската франкофонија. Прво место на државниот натпревар за вокални солисти во Македонија, први места на меѓународниот натпревар АРТ ИН-Охрид и во 2017 и во 2018 та година и други учества и награди.

„За мене музиката претставува живот и иполнување на позитивните чувства и вибрации како начин за комуникација и споделување на истите помеѓу луѓето во светот“, вели Јована.

Таа има повеќе пасии, меѓу нив е и песните на Витни Хјустон.

 

Пред околу 120 години го возел Кемал Ататурк низ битолските улици. Кон крајот на 19 век ги носел и беговите на пладневна прошетка низ Тумбе Кафе. На неговото црвено кадифе седнувале конзулите на една волта низ Широк Сокак. Тоа било славното минато на познатиот пајтон на Манди.

Денот на пролетта беше одбележан и во Клиничката болница во Битола со две големи активности. 

„Фирмата Бис Промет Агро Центар Битола, наши долгогодишни помагатели и соработници донираа 100 садници на ружи како би помогнале за убава глетка на нашите пациенти во нивниот период на хоспитализација. Ова се наши драги пријатели кои во 2018 исто така од нивна страна го покрија системот за наводнување низ целиот двор на болницата. На денешната средба меѓу нашиот менаџерски тим и преставниците на Бис Промет Агро Центар Битола стана збор и за понатамошна соработка. Директорот на Клиничка болница др.Зоран Лазаров од негово име а и од името на сите вработени како и од името на нашите пациенти изрази голема благодарност за успешната соработка со оваа реномирана фирма од нашиот град“, соопшти портпаролката на Болницата, Сузана Конеска.54416681 340298733499197 9182149748201619456 n

54799024 365674947493200 3884530531748020224 n

-Акцијата „Дај свој придонес- засади дрво“ на тимот на Синпекс ДОО не ја одмина ни Клиничка болница Битола. Во делот на болницата од страната на Онколошкото одделение беа посадени 100 различни садници помогнати од многу работници за хортикултурно уредување во ЈП Комуналец и неуморните од Интерворк од нашиот град. Голема благодарност и до нив- рече Конеска.

54515307 684183375330663 3323793302527934464 n

55552012 1502357366565431 5304965792373145600 n

Извршниот одбор на Здужението на пензионери од Битола под претседателство нa Tоме Димитровски одржа седница на која се расправаше за склучување на договор со превозниците за патување во градскиот автобуски превоз и екскурзии низ земјава. Се зазеде став цената на билетот за градскиот превоз да не извесува повеќе од 10 денари, а низ земјава да не биде повеќе од 50 денари. Сегашниот билет изнесува 20 денари, а Здужението е со став пензионерите да плаќаат по десет денари и уште толку да субвенционира за нив Здружението. За таа цел в вторник ќе треба да се одржи уште еден состанок со битолските превозници и да се дефинира договорот што ќе биде склучен.

Возот од Скопје за Битола денес како на автобуска постојка си застана на железничкиот премин кај населбата Боримечка и симна двајца патници зашто оттаму му било поблиску да си одат дома. Ова за Апла.мк го посведочија возачи од Битола кои чекаа зад спуштените рампи возот да ги слези патниците, па да тргне понатаму. Тие коментираат дека возовите не се автобуси да запираат на секоја постојка, а најмалку на железнички премин додека сите други возила запираат давајќи му предност на возот.

„Мети си со класнето“ е мотото на еко акцијата што професорката по англиски јазик од Средното медицинско училиште, Марија Магдалена Петковска Микаровска заедно со учениците од класот втора шест ја презедоа самоиницијативно за чистење на расфрлано ѓубре низ Битола. Оваа вредна еко дружина се води од мислата: „Да покажеме дека не сме поголемо ѓубре од ѓубрето“. Подготвија и лого на кое професорката ја зела метлата во раце како да е гитара и го средува сметот.

Вчера по повод Денот на пролетта во повеќе училишта беа одржани еколошки акции за чистење на околината, што е за пофалба. Но, ден по акцијата видете како некои ученици на улица го расфрлаа ѓубрето од ужинката за време на големиот одмор. Сликата е направена на улица „Дебарска“ во Битола. И ова не е само денес, туку слика која се среќава за жал, секој ден. Иако покрај продавницата има корпа за отпадоци, учениците пакувањата од храната ги фрлаат по земја. Ова покажува дека еколошката свест кај учениците треба да се гради секојдневно, а не само еднаш во годината.

По повод 74-тиот роденден на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола, во рамки на активностите кои се предвидени со проектот за „Дневна соба на градот “, библиотеката во соработка со НУ Народен театар Битола, Сојуз на слепи лица Битола   и Лајонс клуб Битола ќе промовира програма која предвидува литературни дружења преку читање  на избрани популарни извадоци од книги по избор слепи и лица со оштетен вид. Овие средби ќе се одржуваат еднаш месечно и учесниците освен што ќе имаат прилика да се релаксираат со добра книга, ќе можат и сами да учествуват во осмислувањето на  идни активности.

Првата средба ќе се одржи во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ –Битола на ден 25.03.2019 година (понеделник) со почеток во 18 часот.

Во РЕК Битола синоќа на полноќ од производствениот процес е исклучен Блок 2 поради зголемување на оперативноста на постројката. Блокот ќе биде во мирување до 30 март. Во меѓувреме, производството на електрична енергија ќе продолжи од останатите два блока – Блок 1 и Блок 3.

По вклучувањето на Блок 2 во електроенергетската мрежа, планирано е искулучување на Блок 3 на РЕК Битола заради планирано надградување на софтверскиот систем за управување на блокот.

За време на сервисните активности, потребите за електрична енергија АД ЕЛЕМ ќе ги задоволи од сопствените производствени капацитети.

Кабли висат спуштени на две метри до земјата во близина на Безистенот во Битола. Освен тоа, на нив се гледа дека се оштетени. Битолчани кои работат во нивна близина бараат компаниите да си го средат хаосот со каблите додека некој не настрадал. Велат во време кога сѐ се поставува безжично или подземно, во Битола висат кабли од бандера до бандера. Слична е ситуацијата и во близина на Центарот за култура каде деновиве жена на минување со рака ја дофати спуштената жица.

54254917 336572013879793 4295612507462041600 n

54413279 2254672038126968 6988010755228434432 n

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани