Наташа Петровска: „Од понеделник тендерска документација за дограмата на Офицерски дом“

Јуни 29, 2018

„Кога се носеа буџетите на државно и локално ниво 10 милиони денари беа овозможени од централниот буџет, но исто така беа издвоени и средства од локалниот буџет. Во меѓувреме ја чекавме градежната дозвола од Министерството за транспорт и врски, но паралелно на тоа баравме и одобрение за конзервација од Управата за заштита на културното наследство.

Тоа пристига деновиве што значи дека Општината може да започне со изведбени активности. Од понеделник започнуваме со изготвување на тендерска документација за дограмата и на тој начин фактички започнуваме со активностите. Во меѓувреме се очекува и правно да се изврши трансферот на парите од централната власт за да се започне со санација на покривната конструкција на Офицерскиот дом“, рече Петровска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани