2win800x200

Ближи 17. издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест-музика и традиција“ 2023. Ќе започне на 18.07 на платото на Офицерски дом со промоција на новиот албум на  групата „Баклава“ во 20.30 ч. во Офицерски дом-КИЦ Битола, а вечерта продолжува со Loxandra Ensemble - Λωξάντρα од Грција во 21.30 ч асот. Оваа година за прв пат има Локум фест-ОФФ Програма , првата вечер во Вино бар Буре на Магнолија со Баклава и гостите од Грција.

„Нашата пасија за откривање на традиционалните музички спомени и звуци на конзулска Битола, ни ги носи нашите 'битолчани' од Њујорк, Elias ladino ensemble, а соработката со Државниот архив-одд.Битола ни донесува прекрасна изложба на фотографии од музичкиот живот на битолските евреи. Втората вечер  ја затвораме со познатиот македонско-словенечки мајстор на саксофон Васко Атанасовски и промоција на неговиот албум на балканска музика„Мелем“ со пеачката Добрила Грашеска“, посочија организаторите на фестивалот. 

Дружбата продолжува во Хотел Театар со ладино музика, поезија, закуска, дружба...Последната вечер на 20.07 е резервирана за старата битолска чаршија каде ќе се случува фестивалското „крешендо“.
 
„Ќе се распостелиме покрај пешачката улица крај Драгорот, со ракотворби, локуми, турксо кафе, добра храна и радост...Ќе уживаме во мајсторијата на Вевки Амедов и неговите „Јужни звезди“, славејќи ја ромската култура, а токму оваа вечер ги имаме специјалните гости од партнерскиот фестивал Резонатор од Данска кои со поддршка на MOST music ги имаме во Битола. Групата „Ypek Yolu“ или патот на свилата е харизматична спојка на традиционална анадолска народна музика и фанк фјужн, музика која има една единствена цел-да ве разигра и опушти...Традиционално ќе се дружиме сите три фестивалски вечери со ЗУР Македонски ракотоворби , крушевски и битолски локум, со презентации на рачно изработени производи и секако кафе“, велат организатоприте. 
 
Фестивалот се реализира со средства на Министертсво за култура, Општина Битола, Пред плус фондацијата, Амбасадата на Р.Словенија во Скопје, Генералниот конзулат на Р.Грција во Битола, КИЦ Битола како и бројни пријатели и поддржувачи.

На 15-тото јубилејно издание на Локум фест-музика и традиција 2021 година, што се одржува во Битола од 22 до 24 јули, учествува и Државниот архив - одделение Битола. Имено, во рамките на овој фестивал Архивот ќе презентира изложба на фотографии за боемскиот живот во градот на конзулите од почетокот на 20-от век, а ќе биде претставен и познатиот ,,Грамофон на Манаки”, што го купил во Женева и кој бил произведен во фабриката ,,Нестле” во 1928 година, соопштија од Архивот. 

„Локум фест“ е фестивал кој започна пред декада и пол (2007) во старата битолска чаршија. Самото име е изведено од конзулската традиција со локум и кафе да се пречека комшијата, патникот, добронамерникот и е синоним за отвореност, мултуикултурност, средба помеѓу културите. Всушност една од главните функции на Фестивалот е преку различните музички форми (традиционални и стилизирани, чалгија, fusion, world music) да се покаже сиот амалгам и раскош на култури, етноси и обележја на конзулска Битола. 

Во изминатите четиринаесет години на Локум фест настапиле преку седумдесет групи и ансамбли од како од  Македонија, така и од дваесетина земји од регионот, Европа и светот. На Локум фест настапиле изведувачи од : Египет, Индија, Кина, Норевешка, Данска , Шпанија, Јапонија, Шведска, Исланд, Унгарија, Полска, Германија, Хрватска, Словенија, Србија, Албанија, Турција, Бугарија, Бразил, итн. Ги препознаваме и паметиме настапите на : Љубојна, Баклава, Чалгија саунд систем, Тони Китановски и черкези, Кочани оркестар, Сваровски бенд, Јаков Дренковски, Виолета Томовска , Зоран Џорлев, Вања Лазарова и многу други. Локум фест е единствениот фестивал кој активно презентира сефардска музика како дел од култунот историското минато на Битола или Монастир.

Покрај музичкиот дел Фестивалот во соработка со ЗУР Македонски ракотоворби веќе петнаесета година се оддржува  „ Саем на ракотворби “  мотивирани од народната традиција, сегмент кој му дава колорит и дух на фестивалот. 

Кулурното наследство како потенцијален туристички мотив го потенцираме како низ промотивните материјали, но и преку изложбата „Раскажи ја својата приказна“, или изложба на семејни раритети  од конзулскиот период кои граѓаните ги имаат во своите домови. На тој начин го градиме активен однос кон  колективното културно наследство и партиципативноста на граѓаните . Посебен акцент оваа година ставивме на соработката со Државниот архив - одделение Битола, благодарејќи на која ќе имаме единствена можност да видиме еден особен раритет, популарно наречен„ Грамофонот на Манаки“ , кој ќе биде изложен заедно со автентични фотографии од боемскиот живот и чалгии од минатиот век.

Една од нашите цели е промоција на Битола и старата битолска чаршија како атрактивна туристичка дестинација токму преку манифестациониот  туризам и создавање на микро туристичка зона од старата битолска чаршија.

Оваа година на самиот Јубилеј,  програмата е богата и ексклузивна и го навестува идниот курс на фестивалот. Започнуваме со  Влатко Стефановски трио на Хераклеја (22.07), за да наредниот ден (23.07) Пацио-НУ Завод и Музеј , го имаме единственото дуо со Драган Даутовски со неговиот син Ратко Даутовски и промоција на лбумот Apocalypticum. Третата вечер (24.07) е секако распослана на Широк сокак и старата битолска чаршија, насловена како „Распеана чаршија“.Започнува во срцето на старата битолска чаршија на истото место каде што овој фестивал и започна , пред „Малиот битолски Монмартр“ со „Приказни од чаршијата“ , и настап на легендарните КУД Илинден, како  и изложбата „ 40 години  Мал битолски Монмартр “ за да продолжи на неколку локации со настап на чалгиски ансамбли и дополнителни соддржини.

Со  овој концепт имаме намера да ја раздвижиме старата битолска чаршија почнувајќи од Широк сокак - Магнолија, пешачката улица покрај реката Драгор , како и неколку локации во самата чаршија. Оваа трета вечер се подготвува детално во соработка со дуќанџите и Регионалната занаетчиска комора Битола и неформалната група „Стара битолска чаршија“. 

Целта е да заживее старата битолска чаршија преку анимација на  што поголем број посетители и учесници , како и партиципација на дуќанџиите. Секако дека при планирање на оваа вечер, како и предходните настани, прво што го имаме во предвид е високиот степен на почитување на правилникот за оддржување на културни манифестации во време на пандемија, нешто што успешно  го покажавме минатата година. 

Фестивалот е финансиран од Министерство за култура на Република Северна Македонија и помогнат од Општина Битола.

Со три концерти на познати македонски етно бендови „Локум фест“ со 14 издание ќе ја отвори сезоната за концерти во Битола по ковид-забраната. Од утре до петок во Пациото на Завод и музеј во Битола со почеток од 21 часот ќе настапат: на 22 јули „Чалгија саунд систем“, на 23 јули „Баклава“ и на 24 јули „Љубојна“. Концертите ќе се одржат строго по протоколите за заштита од ковид-19, а влезници можат да се набават по 100 денари за првите две вечери и 150 за завршната вечер во „Култур кафе“ во Битола, најдоцна два часа пред одржувањето на настаните. Средствата од влезниците се наменети за трошоците од организацијата на Фестивалот

На местото каде што е денешна Жито Битола од памти век имало млин. На тоа место се наоѓал еден од првите млинови во Битола и му припаѓал на богатиот Исмаил бег кој живеел за време на Османлиската империја. Ова е само дел од податоците за животот во Битола во турско време што со публиката на Локум фест ги сподели студентот по историја Васко Гичевски кој има пасија да го истражува отоманскиот период.

Несекојдневно доживување со ансамблот „Македонија“ на Широк Сокак, вечерва на отворањето на Локум фест во Битола.

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани