Градоначалничката Наташа Петровска запрашана за коментар по вчерашните обвинувањата на опозицијата  од Советот дека училиштата во Битола се одблокирале со пари од државната каса, а Општината не учествувала во тоа, одговори дека не е точно зашто од вкупниот вратен долг од 4,5 милиони евра, од општинскиот буџет беа дадени 1,8 милиони евра.

Во моментот во земјава има 77 ученици и околу 150 наставници позитивни на коронавирус, но бројот се намалува зашто минатата недела имавме 85 ученици. Тоа покажува дека позтитивните оздравиле, а не заболеле нови. Стабилна е состојбата во училиштата, изјави министерката за образование Мила Царовска при денешната посета на СОУ „Таки Даскало“ во Битола.

„Овде видов мотивирани наставници и мотивиран директор кој обезбедува услови за квалитетна практична настава. Го посетив кабинетот на текстилната струка и видов многу позитивни ученици кои тука можат да се остручат за струката која се запишале да ја учат. Ова укажува дека навистина со одлична соработка меѓу локалната и централната власт, но исто и со мотивиран директор и наставници може да се постигне квалитет во стручното образование“, рече Царовска.

Во општина Битола каде има 1464 ученици со физичко присуство, само 5 ученици се заболени од ковид-19 и 7 наставници.

„Ако ова се земе процентуално, потврдува дека и во овие отежнати услови станува збор за успешно справување со предизвикот на денешницата. И во вакви отежнати околности имаме успешно справување со наставниот процес. Се ова што се случува е со добра кооперативност на централната и локалната власт. Конкретно од буџетот на Општина Битола само оваа година за училиштата по сите основи се вложени 685 000 евра. Деновиве училиштата добија трансфер на средства од 330 000 евра по основ на инфраструктурни зафати и подобрување на нагледните средства“, рече градоначалничката Наташа Петровска.

Директорот Владо Ѓорѓиевски изрази благодарност до Министерството за образование и до Општина Битола за инвестиции учичлиштето.

„После долг временски период се изврши реконструкција на покривот на главната зграда и на спортската сала, со помош на Општината обезбедивме брзи услови за изведување на онлајн настава. Набавени се 25 компјутери, кои во брз временски период успеавме да ги снабдиме и да обезбедиме услови за онлајн настава. Физичко присуство има за практичната настава, во училиштето и битолските фирми, другите предмети се следат онлајн. Натсвата се одвива без проблеми“, рече Ѓорѓиевски.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани