Обилните врнежи на снег  создадоа услови за продолжување на ски сезоната, а ЈП Стрежево  ги подготви  ски патеките во Нижеполе, па на задоволство на сите љубители се скија и вечрава од 17 до 20 часот. Скијањето продолжува и утре од 9  до 14 часот. Од ски центарот Нижеполе апелираат да се почтуваат мерките и протоколите за заштита од КОВИД-19 .

 Од утре, петок, ски  центарот Нижеполе ќе ги пушти во употреба ски - лифтовите  од 10 до 14 часот за дневно скијање,додека официјалниот почеток на сезоната ќе биде  од 19 часот до 22.00 часот со ноќно скијање.

Промотивно - едукативен и забавен настан „Нула за насилство“ вчера се одржа во ски центарот „Стрежево“ во Нижеполе.
На настанот се презентираше новата страна www.nulanasilstvo.com на тимот „Нула“ со сите нејзини досегашни активности, беше поделен рекламен материјал (брошура) на кој беа наведени целите и идејата на проектот. Исто така на присутните со секој топол напиток им беше поделен стикер со порака против насилството.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани