2win800x200

Шо рече

Обвинение до Основниот суд во Битола покренало Основото јавно обвинителство од Битола за екс директорот на ЈКП Нискоградба, Кире Крстевски и уште тројца вработени во претпријатието М.М., В.П. и С.Х. Обвинението според извори на апла.мк е покренато  на 4 март годинава. Обвинителството и полицијата подолг период  назад го чешлаа финансиското работење на ЈКП Нискоградба, а исходот дали имало криминал во работењето на екс раководството се очекува да го даде Основиот суд во Битола.

„Мети си со класнето“ е мотото на еко акцијата што професорката по англиски јазик од Средното медицинско училиште, Марија Магдалена Петковска Микаровска заедно со учениците од класот втора шест ја презедоа самоиницијативно за чистење на расфрлано ѓубре низ Битола. Оваа вредна еко дружина се води од мислата: „Да покажеме дека не сме поголемо ѓубре од ѓубрето“. Подготвија и лого на кое професорката ја зела метлата во раце како да е гитара и го средува сметот.

Граѓаните од Урбаните заедници бараат од Општина Битола и ЈП „Комуналец“ да им помогнат за уредување на јавните зелени површини околу зградите, за што денеска оствариле средба со надлежните.

Бистата на првоборецот Стерјо П. Ѓорѓиевски е вратена на постаментот. По објавата на апла.мк вчера надлежните органи брзо реагираа и во текот на денот бистата повторно е поставена на своето место.

Општинскиот одбор на Сојуз на борци-Битола подолг период забележува оштетувања на спомен-бистите во Градксиот парк во Битола,но и во околината на Битола каде има вандализам и сериозно оштетување на спомениците.Во летото 2018 година имаше период каде што беа кршени,туркани главите на спомен-бистите,обојувани и истите беа оштетувани таков случај беше со спомен-бистата на Панде Кајзеро.Моментално,покрај обоените спомен-бисти,сериозно се оштетени спомен-бистите на Стерјо Ѓоргиевски и Коле Љачевски-Љачето како и спомен-бистата на Томаќи Димитровски.

Наскоро повторно ќе се бележат пешачките премини, соопштија од Општина Битола. Бележењето ќе го прават неколку екипи на терен, најпрво во централното градско подрачје, особено на пешачките премини кај училиштата и фреквентните улици, а потоа, ќе се продолжи и во останатиот дел од градот.

Општина Битола, согласно потпишаните договори со операторот за изведување на пешачките премини, побара од изведувачот на сите места, на кои што бојата од претходното бележење на хоризонталната сигнализација во градот не се задржа во потребниот рок, да го повтори бојадисувањето на сопствен трошок.

Битолската џез пејачка Стефанија Милевска сними нова песна „Еј ти, слушај“ (Hey You, Listen) и документарен филм, кои беа промовирани вчера, а имаат за цел да ги срушат бариерите и предрасудите што постојат во општествената заедница за лицата со попреченост. Песната и документарниот филм се посветени на нејзиниот прерано починат брат, кој беше болен од целебрална парализа, и на сите лица со попреченост. Таа сними и спот за песната, во кој учествуваат лица со различен вид попреченост од Битола, Скопје и Белград, како и танчари, пејачи и изведувачи од Анастасија центар-Битола.

Со солзи во очите, крајно разочаран, Коста Хаџи Антоновски основачот на најпознатата македонска детска ликовна манифестација во светот „Малиот битолски Монмартр“ реагира што Министерството за култура без денар го остави 37 издание на Светската изложба на детски ликовни творби. Од изложбата секоја година се избираат најдобрите таленти од цел свет кои земаат учество на ликовната колонија на Монмартр. Годинава, изложбата остана без средства за одржување, а веќе се пристигнати рекордни 15 671 цртеж од 333 улилишта од 34 земји ширум светот.

Дуќанџии од Старата битолска чаршија, нивни вработени и муштерии бараа повеќе локации за вело- паркинзи во овој дел од градот.

Кандидатот за претседатeл Стево Пендаровски на празникот Прочка од Битола испрати порака за национално помирување. Запрашан на кој политичар би му простил на денешен дeн, тој рече „на сите оние кои имаа лоши зборови за мене во изминатите години“, а при тоа додаде дека простувањето треба да стане пракса за сите, посебно за Македонците меѓу кои има длабоки и широки поделби.

Специјално признание му беше доделено на градоначалникот на општина Новаци, Љубе Кузманоски од Здружението на иселеници од Македонија во градот Ајдин, Турција, во знак за благодарност за доближување на македонскиот и турскиот народ и нивната култура преку збратимувањето со турската општина Караџасу.

Во четиридневна посета на градот Ајдин, Република Турција, престојува делегација од Општина Новаци предводена од градоначалникот Љубе Кузманоски и претседателот на Советот на општина Новаци, Наумче Смилевски.

За време на посетата на Република Турција, градоначалникот Кузманоски потпиша Декларација за збратимување на општина Новаци со општината Караџасу.

Во четиридневна посета на градот Ајдин, Република Турција, престојува делегација од Општина Новаци предводена од градоначалникот Љубе Кузманоски и претседателот на Советот на општина Новаци, Наумче Смилевски.

За време на посетата на Република Турција, градоначалникот Кузманоски потпиша Декларација за збратимување на општина Новаци со општината Караџасу.

Од овде, од мојата Битола, граѓаните силно одговорија на јавниот повик за потпис за поддршка на нашиот Стево Пендаровски. Граѓаните денес масовно ширим нашата  држава  излегоа и дадоа потпис за нашиот кандидат за претседател на државата.

„Биди добар, биди подобар…стани најдобар“,под ова мото ,учениците од петто-2 и петто-4 одд.од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“-Битола, со своите наставнички Наташа Тодоровска и Билјана Рахманова -Тасева имаа интерактивна средба со македонската параолимписка шампионка во стрелаштво, Оливера Наковска Бикова.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани