АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Санирано е свлечиштето над зафат Г-0, поврзан е Главниот канал за вода и поврзан е цевководот за РЕК Битола, информираат од ЈП „Стрежево“ Битола .
-Приоритетот кој беше даден во Август 2017 е остварен. По една година се санира свлечиштето над село Драгарино, поврзана е новата зафатна градба на Главниот доводен канал и поврзан е цевководот за РЕК Битола. Се испорачува технолошка вода со максимален проток до сите водокорисници на ЈП „Стрежево“,информира Менде Граматковски директор на ЈП„Стрежево“.
Големо свлечиште се појави во февруари 2015 година, и сериозно го оштети главниот канал за довод на вода и цевководот од кој со технолошка вода се снабдуваат РЕК Битола и индустриската зона. Станува збор за дел на системот кој е од стратешко значење, па затоа беше потребно ангажирање на сите стручни служби од претпријатието и експерти од Градежниот факултет во Скопје.
Дводневниот „Фестивал на староградска музика и вино“ започнува вечерва во Старата битолска чаршија пред платото на Мал битолски монмартр. Со почеток во 21 часот денеска битолчани ќе можат да уживаат во изведбите и звуците на Тони и Акорди бенд, Мелос бенд, Икс бенд, Бојан Стојков, Марија Груевска, Папалот.
Утревечер настапуваат Деспина бенд, Екстраваганза бенд, Димитар Андоновски, Билјана Дамјановска- Јанчевска и Борче Наумовски.Фестивалот се одржува во рамките на Битфест.
Битолската млекарница „БИМИЛК“ на креативен начин се одлучи да го тестира новиот вкус на „Битолско екстра“-кравјо кисело млако, па на дел од своите потрошувачи денеска лично им доставуваше пакетчиња во кои имаше ставено по едно пакување од новиот производ „Битолско екстра“ кравјо кисело млеко и баничка. Акцијата е насловена БИМИЛК- појадок во среда, а во рекламниот материјал со порака стои- „Уживајте во освежителниот вкус на новото Битолско екстра кравјо млеко во совршена комбинација со традиционална домашна пита“.
Гестот на „Бимилк“ пријатно ја изненади и редакција на апла.мк која потврдува дека кравјото кисело млеко навистина е со екстра вкус.
. Од „БИМИЛК “ велат -П.С. Не купувајте појадок ниту следната среда
На барање на потрошувачите, Битолска млекара го збогати своето портфолио на производи
Најголемиот производител на млеко и млечни производи во Македонија – Бимилк го збогатува своето портфолио на кисело-млечни производи со уште еден освежителен вкус за сите љубители на изразито киселкав вкус на киселото млеко.
Новиот производ – Битолско екстра кравјо кисело млеко, доаѓа како резултат на повеќемесечни опсежни истражувања на пазарот и мислењето на потрошувачите, што уште еднаш ги потврдува способноста, подготвеноста и капацитетот на Бимилк да ги слушне и да ги пресретне потребите на потрошувачите.
Имено, резултатите покажаа дека потрошувачите на Бимилк, особено оние од Источна Македонија, го преферираат покиселкавиот и поосвежителен вкус на киселото млеко, па оттука потекна и идејата за лансирање на овој нов производ, велат од Бимилк.
„Воведувањето Битолско екстра кисело млеко е дел од нашата стратегија за проширување на производното портфолио на производи што ги задоволуваат специфичните потреби и очекувања на сите наши потрошувачи. Нашиот оддел за истражување и развој во изминатиот период навистина посветено и неуморно работеше во креирањето на совршениот производ, кој е комбинација на извонредно фина и кремаста структура и киселкав вкус, и за кој се надеваме дека ќе ги задоволи и најспецифичните вкусови“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.
Произведено од најквалитетното домашно млеко по најсовремените стандарди за производство, новиот член на портфолиото „Битолско“ ги содржи сите нутритивни вредности како и првото и омилено, препознатливо Битолско кисело млеко, но она што го разликува е неговиот специфичен киселкав вкус што на храната ѝ дава дополнително освежување при секој следен залак.
Порака за обединување на македонскиот народ упати Иван Џо Петрески, претседателот на Матицата на иселениците на Семакедонската средба во Трново. Но, потоа Тодор Петров, од Светскиот македонски конгрес порача дека денешните пратеници во иднина ќе се нашле во Идризово и ќе им се конфискувал имотот заради велепредавство со името. Иако Илинден е празник на сите Македонци, пораките за заедништво беа засенети од оние против власта и референдумот.
Архимандритот Никодим Царкњаз рече дека Македонија од античко време, па до денес е иста држава, нагласувајќи дека и Филип се родил тука во Битола.
Арарат ќе стане Шарарат во „Но(е)ва Македонија“
Во новата премиера на Народниот театар од Битола, „Но(е)ва Македонија“ арката на Ное ќе се насука не на Арарат туку на Шарарат, поточно на Шар Планина во Македонија и оттука ќе се распрсни човештвото ширум светот. Ова е само дел од претставата во режија на Кокан Младеновиќ од Србија чија премиера е утре во 22 часот во Битолскиот театар. Претставата ќе ги исмее националистите и политичките грандомани кои ја изопачуваат историјата и себеси се прогласуваат за основачи на целокупната нација.
„Музејот на ВМРО не е ниту света, ниту важна, ниту битна работа, туку е само еден од многуте музеи во Македонија“, рече историчарот д-р Александар Литовски, откако на Собраниската седница за пратенички прашања, пратеникот Влатко Ѓорчев, денеска од говорница му се закани на Литовски, но и на останатите членови на Работната група задолжена за преиспитување на општествената и стручната оправданост за постоење на Музејот на ВМРО, дека она што ќе го направат еден ден може да биде дел од поставката на Музејот на ВМРО
Битолчани очекуваа дека светски познатата оперска пејачка со битолско потекло Ана Синицки на вчерашниот концерт ќе ги почести со некоја битолска песна. Изненадување на вечерта беше нејзината моќна изведба на познатиот хит „Молитва“ од Виолета Томовска. Синицки во интервју за Апла.мк вели дека се одлучила за оваа песна зашто и Томовска е битолчанка, а текстот има силна порака која сакаше да им ја упати на битолчани.
На убавиот Широк сокак под Камен мост деновиве пред еден од дуќаните поставена е табла „Улица Кабадаја“. Оваа досетливост побуди пријатно и позитивно чувство кај битолчани , повеќе како прифатлив мајтап кој зборува за животниот стил на многумина наши сограѓани. Овој термин воопшто не е туѓ за жителите на Битола, особено не како карактеристика за културниот и социјален живот во градот на конзулите, клавирите, муабетите кои се мерат со испиено кафе.
Пренесуваме дел од промотивниот говор на Ѓунер Исмаил, еден од промоторите на книгата „Нашето националистичко пијанство“ од д-р Александар Литовски
После деценија порази, после години минати во изолација и неизвесност, Македонија денес гордо чекори напред. Стануваме дел од големото евроатланско семејство на кое вредносно и цивилизациски му припаѓаме, изјави на прес конференција генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски.
„Кога се носеа буџетите на државно и локално ниво 10 милиони денари беа овозможени од централниот буџет, но исто така беа издвоени и средства од локалниот буџет. Во меѓувреме ја чекавме градежната дозвола од Министерството за транспорт и врски, но паралелно на тоа баравме и одобрение за конзервација од Управата за заштита на културното наследство.
Европската унија одлучи: Македонија започнува преговори за полноправно членство во 2019 година.
Ова е голем успех за Македонија, постигнат со силна желба за подобра сегашност и иднина на сите наши граѓани, рече на денешната прес конференција генералниот секретар на СДСМ, битолчанецот Александар Кирацовски.
-Проектот за пречистителна станица за Битола трае околу 3 години и во моментот е е во завршна фаза, односно распишување на тендерска документација. Со писмо до нас се обратија од Европската делегација, дека очекуваат од нас да бидата усвоени тарифите на Регулатарна комисија за да може да стартува проектот со распишување на тендерската докумнетација.
Оваа генерација на битолски планинари од ПСК „Пелистер“ и покрај тоа што поседуваат неспорен правен континуитет и целосна документација за имотот на клубот, не се сопственици во смисол на кој што некои го посакуваат, туку само негови чувари. Вистинските сопственици се генерациите пред нас, сегашните, но и идните генерации планинари и граѓаните на Битола. Ова е дел од соопштението што ПСК „Пелистер“ го испрати до медиумите по вревата што се крена во јавноста околу обновата и приватизацијата на домот. Имено, пред три недели клубот започна со работна акција за обнова на домот, а Општината соопшти дека ќе обезбедат 100 000 евра за „Копанки“ но доколку им се даде сопственоста зашто не можат да вложуваат во туѓ имот. Потоа се појавија други здруженија и поединци кои побараа ревизија на приватизацијата на „Копанки“.