2win800x200

76 години од бегството на политичките затвореници од Централниот фашистички затвор во Битола

Септември 06, 2020

На денешен ден 6 септември во 1944 година, се случило бегството на политичките затвореници од Централниот областен фашистички затвор во Битола.

Обласниот централен затвор бил отворен во јули 1942 година во близината на Црн Мост каде беа затворани политички затвореници од целата битолска околија.
 
Фашистичкиот воено-полев суд во Битола изрече казни на над 250 учесници во Народноослободителното и антифашистичко движење.
 
 
 50 од нив беа осудени на смрт со бесење, над 20 беа осудени на доживиотна робија, а другите на временски казни со строг затвор од една до 20 години. Цело време таму функционираше затворски комитет на комунистите, кој од средината на 1944 година формирал и затворски воен штаб, кој пак беше ангажиран околу поодготовки на бегството на политичките затвореници.
 
Во затворот излегоа три броја на илегалниот затворски весник "Наш пат". Соочени со поразот на фашистичката власт Управата на затворот, три дена пред капитулацијата на фашистичка Бугарија беше приморана да дозволи да се отворат затворските порти и околу 120 политички затвореници избегаа од него.
 
По бегството од затворот сите политички затвореници успешно се вклучија во завршните операции на македонската војска за конечно ослободување на Македонија од фашистичка окупација.
 
подговтил: д-р Александар Литовски, историчар
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани