Заробени риби и школки при протокот на водата од Преспанско во Охридско Езеро

Декември 14, 2020

Заробени риби во мало езерце кое настанало при проток од Преспанското во Охридското Езеро преку понори кај пештерата во Завир во Горица, Албанија и рид прекриен со изумрени школи и полжави, со лопата да ги ринеш. Ваква слика затекнаа нуркачите од спелеонуркачкиот клуб „Врело“ при нивната експедиција за мапирање на пештерата Завир која се посочува како најризична точка за истекување на езерото.


„Живиот свет е дефинитивно загрозен бидејќи нивото на езерото е многу опаднато, а исто така и нивото на кислород во водата зашто нема прилив на свежа вода, атмосферска вода, или од реки, извори… При протокот имаше мало езерце со мали рипчиња кои беа заробени што се гледа од видеото направено таму, како се трудат да испливаат кон поголемото езеро каде има посвежа вода. Имаше и изумрени школи со лопата да црпиш, се повлекле постепено кон водата ама изумреле поради недостиг на храна, претпоставувам“, вели нуркачот Александар Ацев од „Врело“

Заедно со колегите од клубот „Врело“ Слободан Рајковски и Стефан Петровски ја истражуваа месноста Завир. На терен забележаа поток долг околу 200 метри од кој се оформува мало езерце од кое потоа водата понира преку Галичица кон Охрид.

изумрен зив свет од езерото

 

„Местото Завир е всушност еден поголем регион каде понира Преспанско Езеро и не е само една пештера туку е цела област. Таму најдовме повеќе понори, два се активни, а има и некои кои се веќе пресушени и не се активни. Ако направиме понатамошна експедиција ќе можеме да провериме дали понорите понатаму некаде се шират. Земајќи предвид дека има варовнички капри водата си го нашла патот под земјата. Како што е веќе докажано со обојување на водата таа за неколку часа ќе стигне до изворите на југоисточниот дел од Охридското Езеро“, вели Ацев.изумрени школки

Во моментот во пештерата Завид нема вода, сува е и затоа нуркачите го искористија моментот да видат што се случува во неа. Претходно била истражувана пред осум години. Освен Завир, постојат и други понори преку кои истекува Езерото, но треба да се истражуваат.

„Ова е почеток на истражувањето. Понатму треба да се лоцираат понорите кои се под вода. Потребата за понатамошно испитување е огромна и има за цел да се предвиди кога настануваат овие циклуси на повлекување на езерото. Со тоа ќе може да се одржува биолошкиот минимум и живиот свет во него“, велат нуркачите од „Врело“.завир

На Преспанското Езеро последниве години му се случува катастрофа. Нивото на езерото е незапаметено досега опаднато, а сето тоа го загрозува и живиот свет во водата. Државата веќе изработи извештај и анализа на состојбата со езерото и донесе Акциски план со мерки. Во следниот период меѓу другото, ќе се врши и анализа на дното од езерото, како и анализа и мапирање на езерото кое настанало во пазувите на Галичица со понирањето на водата. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани