Се откажав од партијата кога преку ноќ влегуваа на работа лица кои не ја пречекорија партиската врата, а за мене не се најде место по струката, возврати Спасевска

Мај 09, 2021

„Копајте ми во денот на раѓање...

Копајте ми во детството...

Копајте ми во болната душа распарчена во 2001-ва...

Копајте ми во минатото болно кои го срушивте вие -политичките партии!

Копајте ми во моментот кога молев за едно работно место по струка.

Копајте ми во моментите кога ги растев моите три деца и кога ги делев и бирав на кое ќе му купам патики денес, а на кое идниот месец...

Копајте ми во моментот кога ме боли душата што сакате да им ја уништите иднината!!!

Јас се откажав од партија кога преку ноќ влегуваа лица на работни места кои не пречекориле партиска врата а за мене не се најде едно работно место по струка.

Партијата беше само изгубено драгоцено време и граматички минато свршено време.

 

Партијата не ги хранеше моите три деца.

Партијата е само дискриминација!

Денес сите сме сведоци дека интелектуалците се во позадина, а не стручни лица се на највисоки

функции.

ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ,ПОЛИТИЧАРИ И ПАРТИСКИ АКТИВИСТИ ... ПОДАЛЕКУ ОД МЕНЕ!

НАПОМЕНА: Секој кој ќе проба да го наруши мојот личен углед, интегритет и кредибилитет ќе се соочи со кривична пријава согласно ЗАКОН!!!“

Ова на својот фб профил го напиша Драгана Спасевска која ја води фб групата „Учебници и настава мора да има“. Денес СДСМ Битола објавија дека поседуваат фотографија на која рекоа дека е Спасевска фотогрфаирана на митинг на ВМРО-ДПМНЕ во 2016 година во Охрид.

Линк од оригиналниот пост:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10223251896079073&id=1634329665

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани