Битолските велосипедисти триумфираа на ендуро трката во Србија (фотогалерија)

Јуни 07, 2021
Фото: Pelister Downhill Cup Фото: Pelister Downhill Cup

Велосипедистот од Битола, Јовче Даскаловски го освои првото место, а Александар Фидановски, третото на ендуро трката во Нови Сад, Србија на која учествуваа повеќе од 70 учесници. Станува збор за натпревар во планиски велосипедизам, кој се одржа во исклучително тешки услови, а нашите битолчани постигнаа одличен пласман. И двајцата се членови на клубот „Екстрим бајк тим Битола“.

„ Амбасадорите на нашиот град и држава изминатиот викенд со одлични резултати на ендуро трката во Нови Сад, Република Србија. Прво место за Јовче Даскаловски и трето за Александар Фидановски во генералениот пласман со повеќе од 70 учесници. Прва ендуро трка, први вакви искуства и секако голема мотивација за наредни вакви трки. Брутална трка е најмалку што може да се кажи во однос на вчерашните услови. Но тоа е тоа зошто ние возиме“, велат од клубот „Екстрим бајк тим Битола“.

 

velosipedisti1

velosipedisti2

velosipedisti3

velosipedisti4

velosipedisti5

velosipedisti6

velosipedisti7

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани