Webp.net gifmaker

Јавното претпријатие „Комуналец“ ќе поставува подземни контејнери низ Битола со што ќе се подобри хигиената со збирање на отпадот во Битола, а ќе се врши и селекација. Советот на Општина Битола денес донесе и одлука да можат да се постават овие садови за комунален отпад иако досега не беа предвидено со урбанистичко-планската документација.

Подземните контејнери ќе се изработат како бетонски шахти , вкопани во земјата, а ќе се постави и подвижна метална конструкција. Бетонските шахти ќе се покриваат со носиви, метални платформи, врз кои ќе се постават метални кутии со ротационо, подвижни капаци за фрлување на отпадот.

Членови на опозицоната ВМРО-ДПМНЕ вечерва возејќи со коли низ Битола протестираа против загадениот воздух. Редици од автомобили кружеа низ битолските сообраќајници свирејќи. На крајот на протестот пред општинската зграда оптегнаа транспарент со натпис „Битола инвертирана гасана комора“, упатувајќи критика дека со проектот за субвенционирање на 2500 инвертер клими во Битола власата како што рекоа,сака да ги прикрие другите неостварени проекти за чист воздух.

Иванчо Тошевски преку пост на социјалните мрежи соопшти дека протестот е организиран поради ветените, а неостварени проекти на власта, меѓу кои прочистителна станица за која како што пишува, се пробиени роковите, а биле обезбедени средства од претходната власт, па топлификација за која исто така биле обезбедени финансии од претходно, гасификација и модернизација на електростатските филтри во РЕК кои не се оствариле.  

Опозиционата ВМРО-ДПМНЕ за време на своето владеење во Битола за да го подобри квалитетот на воздухот во 2017 година кога зачестија протестите за чист воздух распиша тендер за субвенционирање на печки на пелети. Тоагаш беа издвоени 6 милиони денари и се субвенционираа 20 000 денари за секое домаќинство.

Сегашната власт за 2500 инвертер клими за кои беше распишан оглас, ќе издавои 155 000 000 денари и максималниот износ на субвенцијата што ќе може да го искористи еден барател изнесува 55.800 денари нето или 62.000,00 денари бруто со данок на личен доход.

Од редовите на ВМРО-ДПМНЕ беше и екс градоначалникот Владимир Талески кој за време на неговиот мандат додека имаше протести за чист воздих велеше дека не може ништо против божји сили кои загадуваат и дека е модерно да се простетира за аерозагадување.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2699 тестирања, а регистрирани се 862 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-390, Куманово-22, Штип-28, Прилеп-55, Тетово-48, Струга-9, Велес-53, Битола-31, Охрид-18, Кавадарци-24, Гостивар-18, Гевгелија-12, Струмица-27, Крива Паланка-10, Радовиш-7, Крушево-2, Кочани-25, Пробиштип-12, Демир Хисар-4, Македонски Брод-1, Пехчево-3, Берово-3, Валандово-6, Виница-9, Делчево-5, Кратово-6, Свети Николе-6, Кичево-17, Ресен-3, Неготино-8.

 

Во Битола денес се регистрирани 29 новозаболени од КОВИД-19, активни се 219 случаи. На Инфективното одделени во Битолската болница хоспитализирани се 64 пациенти од целиот регион. Еве го здравствениот КОВИД билтен

Во последните 24 часа се направени 2647 тестирања, а регистрирани се 870 нови случаи на ковид-19 во:

 

При изведување на градежните работи за реконструкција на старата трибина на стадионот под "Тумбе кафе" во Битола, пронајдени се и дислоцирани 591   артилериски гранати  од Првата светска војна со калибар од 75 мм

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани