Во последните 24 часа се направени 946 тестирања, а регистрирани се 105 нови случаи на Ковид 19 во:

 

Во Битола денеска има 34 новозаболени од ковид-19 и 59 оздравени. Три лица починале од последици предизвикани од вирусот, а за првпат по подолго време бројот на активни случаи се спушти под 1000 и денеска има 974

Денеска во Битолс има 19 нови позитивни на коронавирусот, а оздравени се 34 пациенти. Починало едно лице на возраст од 70 години. Болеста е во тек кај 1002 битолчани, а во КОВИД центарот се хоспитализирани 111 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.

Денеска во Битола има 42 новозаболени од КОВИД-19 и 80 оздравени. Во денешниот извештај на Министерството за здравство се регистрирани и 4 починати лица, кои битката со вирусот ја изгубиле во домашни услови, а оваа бројка е за цел април. Инаку во изминатите 24 часа нема починати во Клиничката болница. Вкупно има активни 1018 случаи

Како што опаѓа бројот на заболени деновиве во Битола,  се намалува и притисокот во КОВИД центарот во Клиничката болница, каде вкупно се хоспитализирани 110 пациенти. Во изминатите 24 часа имало 11 приеми, а испишани биле 17 пациенти. Денеска нема починати од последици предизвикани од коронавирусот. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани