Webp.net gifmaker

Во Битола денеска нема новозаболени од КОВИД-19, а оздравени се 2 лица. Има 102 активни случаи, а на Инфективното одделение во Клиничка болница Битола, хоспитализирани се 32 пациенти.

Во текот на вчерашниот ден од страна на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во повеќе градови во државaта се извршени вкупно 36 надзори и 488 контроли во угостителски објекти согласно Законот за угостителска дејност, Законот за заштита од пушењето и здравствените протоколи (дозволено растојание, распоред и број на маси, итн) за отворање и работа на угостителски објекти.

При тоа, во дел од угостителските објекти се утврдени неправилности во делот на непочитување на здравствените протоколи, непочитување на работното време и прекршување на Законот за заштита од пушењето, поради што ДПИ ќе поднесе:

  • 12 кривични пријави за непочитување на здравствените протоколи во угостителски објекти во Скопје, Охрид, Битола и Кичево.
  • 2 прекршочни постапки за затекнати нерегистрирани објекти во Скопје и Тетово
  • 1 прекршочна постапка за непочитување на работно време во објект во Кичево.
  • 1 прекршочна постапка за прекршок по Законот за заштита од пушењето во објект во Скопје.
  • 1 непостапување по издадено rешение за привремена забрана за вршење дејност од страна на објект во Битола, за што ќе следи физичко запечатување на истиот со пломба.

По повод 79 годишнината од 11 Октомври кога  предците ја започнаа народната борба за слобода, а со придржување до строгите мерки на заштита и по зададените протоколи од Министерството за здравство, во Битола на неколку локации се одбележа еден од најзначајните датуми во македонската историја, Денот на востанието. 

Свежо цвеќе пред споменикот на загинатите борци пред Центарот за култура во Битола положија градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, претставници на Советот на Општина Битола, Општинскиот сојуз на борците, претставници на политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.ноб2

ноб3

ноб4

ноб5

Делегација предводена од заменик градоначалничката Емилија Костурски, претставници на Советот на Општина Битола и Општинската организација на Сојузот на борците од Битола, подолжија свежо цвеќе на партизанските гробишта, со што им оддадоа почит на сите народни херои, кои ги положија животите во Втората светска војна, за слободна и независна држава.ноб7

ноб8

Речиси  покрај секој  контејнер низ градот постојано  се остава гломазен отпад - стар мебел, дограма, електрични апарати, санитарии и друго.

Покрај грдата слика, се отежнува движењето на пешаците, затоа што со овој отпад се затрупани тротоарите, па тие се принудени да се движат на коловозот

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани