Webp.net gifmaker

Во Општина Новаци организирана настава со физичко присуство ќе има во ООУ „Славко Лумбарковски“ за учениците од четврто и петто одделение, и во ПУ с.Бач за учениците од шесто до деветто одделение; во ПУ с.Живојно, ПУ с.Далбеговци, ПУ с.Агларци, ПУ с.Добромири, ПУ с.Рибарци, и ПУ с.Гермијан, исто така за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.

Општина Могила гради пешачка патека долга  500 метри која води низ населбата се до реката Шемница каде за празникот Богојавление Водици се фрла крстот. Патеката се гради по барање на жителите на Могила, а со цел поголема безбедност на учениците и пешаците.

Жителите од Општина Могила имаат можност сами да одлучат кои проект од областа на социјаланата инклузија им е приоритетен, а средствата од 50 илјади швајцарски франци ги обезбедува УНДП и Швајцарската развојна агенција.

Македонските гастарбајтери, брачниот пар Стево и Данка Ризновски, по 50 години работа во Германија, се вратија во родното село Могила за да гласаат на претседателските избори. И по петдецениски престој во Германија, не извадиле германски пасош, туку ги задржале само македонските патни исправи.

На подрачјето на општина Могила се запишани 5282 гласачи на 23 избирачки места. До 13 часот на гласање изглегле 18,57 проценти од гласачите. Според Славко Велевски, претседател на Општинската изборна комисија, гласањето течи без проблеми. Во оваа општина најоддалечени избирачки места се оние во селата Мојно и Трновци, на 24 километри од центaрот на општината.

Страница 1 од 4

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани