Webp.net gifmaker

Во Општина Новаци организирана настава со физичко присуство ќе има во ООУ „Славко Лумбарковски“ за учениците од четврто и петто одделение, и во ПУ с.Бач за учениците од шесто до деветто одделение; во ПУ с.Живојно, ПУ с.Далбеговци, ПУ с.Агларци, ПУ с.Добромири, ПУ с.Рибарци, и ПУ с.Гермијан, исто така за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.

Во бисерот на Пелагонија, манастирот Рождество на Пресвета Богородица  со Вечерна богослужба со која чиноначалствуваше митрополиот г.Петар, започна чествувањето на празникот на Раѓањето на Мајката Божја.

По повод 24  годишнината  од  формирањето на Општина Новаци,  градоначалникот Љубе Кузманоски, со  свое обраќање упати честитка до жителите и но  и благодарноста за соработката. Прославата годинава ќе изостане поради состојбата со светската пандемија и препораките за превентивна заштита од КОВИД 19. Ви го пренесуваме неговото обраќање

Градоначалникот Љубе Кузманоски од Новаци го посети стопанскиот двор на ЈП за комунален отпад од Дуги Рат, Хрватска ,каде што учествуваше на презентацијата на Планот за управување со комуналниот отпад и негова рециклажа. Двете општини се збратимени шест години, а делегација на Општина Новаци деновиве беше во посета на пријателите од Хрватска. Договорена е соработка на повеќе полиња. 

Страница 1 од 6

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани