2win800x200

Заробени риби во мало езерце кое настанало при проток од Преспанското во Охридското Езеро преку понори кај пештерата во Завир во Горица, Албанија и рид прекриен со изумрени школи и полжави, со лопата да ги ринеш. Ваква слика затекнаа нуркачите од спелеонуркачкиот клуб „Врело“ при нивната експедиција за мапирање на пештерата Завир која се посочува како најризична точка за истекување на езерото.


„Живиот свет е дефинитивно загрозен бидејќи нивото на езерото е многу опаднато, а исто така и нивото на кислород во водата зашто нема прилив на свежа вода, атмосферска вода, или од реки, извори… При протокот имаше мало езерце со мали рипчиња кои беа заробени што се гледа од видеото направено таму, како се трудат да испливаат кон поголемото езеро каде има посвежа вода. Имаше и изумрени школи со лопата да црпиш, се повлекле постепено кон водата ама изумреле поради недостиг на храна, претпоставувам“, вели нуркачот Александар Ацев од „Врело“

Заедно со колегите од клубот „Врело“ Слободан Рајковски и Стефан Петровски ја истражуваа месноста Завир. На терен забележаа поток долг околу 200 метри од кој се оформува мало езерце од кое потоа водата понира преку Галичица кон Охрид.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани