2win800x200

Двата ски центри на Пелистер, Стрежево и Копанки соопштија дека  денеска, на задоволство на љубителите на белиот спорт, ги подготвија стазите за скијање. Снег има доволно и направени се последните подготовки.

-Во недела  (21.01.2024), Ски Центарот Копанки, ќе биде пуштен во функција.Сите љубители на скијањето, Ве очекуваме!Се гледаме на ски стазата, соопштија од Хотел Молика.

 

 И од ски центарот Стрежево кај Ниже поле информираат дека се е подготвено за скијање.
 
-Се прават последните подготовки пред стартот. Ноќеска имаме и нов снег, спремни за старт. Ќе се скија од 09.00 до 15.00 часот. Патот е чист благодарение на ,,Македонија пат" и нашата механизација.Ве очекуваме да скијаме, соопштија од ски центарот Стрежево

Денеска на задоволство на љубителите на скијањето започна сезоната во ски центарот Стрежево над Нижеполе. Од таму информираат дека вечерва продолжуваат  со ноќно скијање од 19.00 до 22.00 часот по цена од 400 денари за  возрасни и 300 денари деца.

 
Во понеделник 18.12.23 и вторник 19.12.23 ќе има  само денско скијање од 09.00 до 15.00 часот.

Снегот што наврна последните денови создаде минимални услови за почеток на ски сезоната во ски центарот Нижепиле, со кој стопанисуца ЈП Стрежево. Вечерва има  ноќно скијање  од 19 часот, а  гратис ќе работи ски лифтот на патеката во Нижеполе,  соопштија од ски центарот.

По 70 дена скијање, ЈП Стрежево утре, со гратис скијање,  ја затвора оваа скијачка сезона на  терените во  Нижеполе

Од ски центарот Нижеполе информираат дека терените се подготвени за скијање,  патот исчистен, паркингот спремен за посетителите

Страница 1 од 4

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани