2win800x200

Во време кога сите размислуваат како да заминат оттука, Младинскиот културен центар од Битола и Инфо клубот со поддршка од Општина Битола,  УНДП и Фонд за иновации и технолошки развој, преку Саемот за кариера ги отвoраат вратите на комуникација помеѓу младите и бизнис-секторот, каде можат да се стекнат првите работни искуства, но и со можностите кои ги даваат неколку програми за финансиска поддршка, со која ако имате добра идеја за бизнис ќе станете претприемач.

Граѓаните немаат доверба во Агенцијата за вработување, не веруваат дека активните  мерки и програми за вработување  можат да им помогнат при вработување, ниту пак дека се доволно ефикасни. Ова го покажува  истражувањето во рамките на иницијативата „Активни заедници за социјалани промени“ , во која е вклучен  и Младинскиот културен центар од Битола, како и неколку други невладини организации од Македонија. Активностите на терен се одвиваат  во општини-Битола,Тетово, Струмица и Свети Николе, како и градот Скопје. МКЦ користејќи ја методологијата,  работеше со граѓаните од улицата „Даме Груев“ во Битола.

Младинскиот културен центар – Битола и Фондацијата за претприемачки сервис за млади, во рамките на проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето на младински политики” денеска организраа  панел дискусија во Битола на која учесниците имаа можност да се запознаат со претстојните политики во образованието и процесите кои се водат.

Во рамките на проектот #ЗНАЕШШТО кој го води Демокраси Лаб на национално ниво, денеска во соработка со  МКЦ Битола  се одржа дебата  на тема заштита на животната средина  и можностите кои ги нуди Европската унија на своите земји-членки при решавањето на слични предизвици.

МКЦ – Битола во рамките на својата годишна програма на 12 август 2018 година (недела) со почеток во 19 часот на плоштадот Магнолија во Битола организира јавен настан за одбележување на Меѓународниот ден на млади 2018.

Настанот има цел да ја потенцира улогата на младите како суштински партнери во промените во општеството и можноста за подигнување на свеста за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат.

Гости на настанот се младите луѓе од жонглерската група Acid Triple. Изведувачи кои сакаат екстремни начини на изразување, нивните перформанси претставуваат комбинација на жонглирање со оган, акробации и огнени илузии. Огнено доживување кое сите ги остава без зборови.

Меѓународниот ден на младите се одбележува секоја година на 12-ти август од страна на голем број млади и организации низ целиот свет со организирање активности за подигнување на свеста за подобрување на состојбата на младите во својата земја.

Страница 2 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани