2win800x200

Општина Битола го објави повикот за надоместување на дел од трошоците на граѓаните кои ќе купат клима уредни инвертери за 2019 година. Целта е стимулирање на граѓаните да користат обновливи извори на енергеија за затоплување на своите домови кои минимално ги загадуваат почвата и воздухот и не влијаат врз климатските промени.

До најмногу илјада евра субвенции од државата ќе добијат граѓаните кои ќе одлучат да го промената начинот на затоплување на своите домови од печки на огревно дрво со инвертор клими. Ваква можност ќе имаат жителите на Битола и Кичево, градови во чија близина се наоѓаат термоелектраните на јаглен  и каде  има високо аерозагадување, како и жителите на Скопје и Тетово, исто така гардови каде загадувањето на воздухот е големо. Субвенциите ќе изнесуваат најмногу 60 илјади денари, а вкупниот буџет ќе го обезбеди државната компнаија ЕСМ. 

-АД ЕСМ како профитабилна компанија доби обврска од Владата дел од средствата што ги има од минатата година како капитална добивка да ги вратиме од граѓаните кај граѓаните. Во најскоро време ќе добиеме заклучок со кој ќе бидеме обврзани како компанија да субенционираме во делот на инверторите и замената на нееколошките традиционални системи за греење, односно дрвата кои треба да се исклучат од семејствата, а за сметка на тоа да добијат целосно субвенционирање на инвертор клими кои ќе го намалат загадувањето и ќе го подобрат амбиенталниот воздух во државата, изјави генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачески по денешната средба во Министерството за економија со ресорниот министер Крешник Бектеши на која се разговараше за тековните проекти во енергетиката.

Тој посочи дека  компанијата за таа намена може да одвои  три до четири милиони евра. 

-Во зависнос од  интересот и ефектот на оваа мерка за наредната година ќе предвидиме и дополнителни средства кои ќе бидат проширени и на останатите градови, додаде Ковачески.

За почеток на оваа мерка се чека зелено светло од Влдата, по што ќе има повеќе информации за граѓаните околу  субвенционирањето  на инверторите  за  домаќинсвтата  кои ќе одлучат да ги заменат печките на дрва со овие клима уреди. 

Општина Битола и годинава ќе субвнционира еколошки корисни средства за животната средина, а во следните десет дена на официјалната интернет страница на Општината ќе се споведува анкета во која граѓаните можат да изберат за што приоритетно треба да се дадат субвенциите.

„По анализите, во анкетниот лист се понудени приоритетните субвенции и тоа: инвертери, вградување на плински уреди кај постарите возила и велосипеди. Граѓаните треба да изберат еден од понудените одговори. Нивното мислење ќе има важна улога во одлуката и оваа година, општина Битола, да им помогне на нашите сограѓани, како и изминатите години наназад, да имаат услови и можност и тие со субвенции од општината да придонесат кон подобрување на животната средина. Ова е се разбира само една од активностите кои општина Битола, ќе ги спроведе во наредниот период, во очи на грејната сезона“, рече Тања Крнчева, советник од Општина Битола.

Општината изминатите две години, спроведе субвенционирање на печки на пелети и системи и велосипеди, а оваа година, локалната власт ја зеде во предвид најавата на премиерот Зоран Заев, при неговата неодамнешна посета на Битола, за субвенционирање на инвертер клими за сметка на старите печки кои користат цврст огревен материјал, дрво или јаглен.

Според резултатите од досегашната анкета, најмногу битолчани заинтересирани се да за субвенционирање инвертери, за тоа досега гласале над 65 проценти од учесниците во анкетата, над 19 проценти за велосипеди и над 15 проценти за плински уреди за постари автомобили. Од една IP адреса може да се гласа само еднаш.

Од подрачната единица на Министерството за земјоделство информираат  дека започна  рокот за поденсување  барања за субвенции по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година и  ќе трае до 30 Мај 2019 година. Апликациите се однесуваат за површини со полјоделски и градинарски култури, лозови и овошни насади како и за сточарско производство - за одгледување на говеда, овци, кози, пчели, свињи и за заклани животни во кланица.

Во 2019 година Општина Битола планира да ги субвенционира домаќинствата за редовно чистење на оџаците. Ова стои во Програмата за заштита на животната средина за 2019 година која треба да биде разгледана и донесена на седницата на Совет во вторник.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани