Првиот ден во новата година го дочекале кај домаќини на кои им го гаснеле оџакот, деновиве гаснеле пожари предизвикани од украсни светилки на елки, од соларни уреди, а за Бадник трагале по изсчезната пензионерка, раскажуваат заменик командирот Горан Димкоски заедно со пожарникарите Александар Тодорчевски и Дејан Ристевски, објавува Факултети.мк. 

„Им се запали оџакот, па Нова година ја дочекавме кај домаќините“. Ова е едно од различните патешествија што ги имале припадниците на Територијалната противпожарна единица од Битола за време на новогдишните држурства. Тие се на готовс и во најлудата ноќ во годината. Тогаш најчесто гаснат оџаци, наќитени елки, соларни уреди, покриви од куќи. Додека другите слават, тие се подготвени за интервенција. Ги нарекуваат скромни херои зашто никогаш не се фалат со своите подвизи. Го ризкуваат својот за туѓите животи. Затоа одлучивме да им дадеме простор да раскажат како ги минуваат новогодишните празници на дежурство.

„Дури и да нема интервенции, и да е се мирно, ние сме подготвени како да ќе има пожар. Иако е Нова година, нема алкохол. Може ако немаме пожари за гаснење да ја усасиме жедта со сок. Аклохол не доаѓа предвид. Се внимава оти вечерта е долга. Возилата се подготвени. Дали е празник или не, тие се секогаш спремни“, вели Горан Димкоски заменик командир на ТППЕ-Битола.

ghoran

Будна вечер, па некаде и да чади некој ќе јави

Во дологодишната пожарникарска кариеа дежурал повеќепати за Нова година. Раскажува дека иако е вечер за лудување, сепак подолги години не паметат некој поголем пожар. Верува дека не доаѓа до поголеми трагедии зашто луѓето се будни цела вечер и доколку зачади некаде ќе видат и ќе јават. Но, се присетува дека ја дочекувале Новата година во разчични ќуки каде се затекнеле на интервенција. Кога ќе се случи пожар во куќа, без поголеми последици, на домаќините најмили гости им се пожарникарите зашто им даваат сигурност дека огнот нема пак да се разгори.

„Нова година сме ја пречекале и кај луѓе дома. Им се запали оџакот. Беше критично. Моравме да останеме кај нив и заедно со нив го дочекавме правиот ден од идната година. Пожар кај оџаци гасиме со пригушување, не со вода и мора да почекаме најмалку час и половина до два за да догори, да бидеме сигурни дека нема опасност, па да го напуштиме објектот. Домаќините не почестија и беа посигурни додека бевме со нив, претходно беа многу исплашени“, вели Димкоски.

pozarnikari1

Оџаците помалку горат, повеќето се греат на инвертер клими

Сепак, последнава година бројот на интервенции врз оџаци е повеќе од преполовен. Имаат по една интервенција на ден, а порано се случувале по десетина. Претпоставуваат дека ваквиот позитивен тренд се должи на замената на печките на дрва со инвертер клими.

„Пожарите најчесто ги пријавуваат соседите. Тие гледаат дека на комшијата му гори чатијата. Летните пожари не се за потценување, но многу поопадни се зимските, во затворен објект“, раскажуваат пожарникарите.

Деновиве гаснеле пожар во куќа настанат од светилки на елка. Имало и пожари предизвикани од соларни уреди.

„Има проблем со некои од соларните уреди. Се пали греачот што ја загрева цевката. Тоа се колекторите што се ствааат на покривите, а се наменети само за лето.. Кога ќе стегнат ниски температури, сопствениците го вклучуваат греачот за да не им замрзи цевката што слегува од чатијата во тоалетот. Греачот со текот на време старее или се лупи изолацијата, па ќе настане пожар. Подмолно е. Доцна се забележува“, раскажуваат пожарникарите Александар Тодорчевски и Дејан Ристевски.

pp

 

Пожарната и полицијата ја барале за исчезната, а таа си пиела кафе со пријателката

Дежирствата за Нова година има се како секоја друга вечер. На смена се по 12 часа, од 19 навечер до 7 наутро. Но, се повеќе заангтажирани зашто има огномети, прослави, сообраќајни несреќи, поднапиени луѓе. А за празници се случувало и да тргнат во потрага по повозрасни лица пријавени за исчезнати.

„За Бадник синот ја пријави мајката за исчезната. Не му дигала телефон еден саат, а без телефон не излегувала никаде. Отишла жената да прошета, се нашла со некоја поранешна колешка и седнале во кафуле. Синот не можеше да ја добие и пријави в полиција, а тие кај нас. Вратата ѝ беше заклучена, беше отворен само прозорецот од балконот на вториот кат. За да не ја обиваме влезната врата, со скали се качивме на балконот и влеговме внатре. Телефонот го најдовме дома. Вечера се јави ја од полицијата околу полноќ и не известија дека жената си се вратила дома“, раскажуваат Тодорчевски и Ристевски.

pp33

 

Најстара пожарна на Балканот

Инаку Битолската пожарна брои 43 пожарникари, по 10 до 11 во смена. Се очекува бројката да биде зголемена со преслувањето во новиот објект во Касраната каде и просторниот капацитет ќе биде поголем. Додека разговаравме за предизвиците на оваа хумана професија, објектот го посети и еден од највозрасните пезнионнирани пожарникари, легенда Ѓорги Геровски.

„Често пати дежурав за Нова година, бев повозрасен , па да им излезам во пресрет на помладите колеги, да одат на прослава. Порано за Нова година се случуваа и големи пожари. Се сеќавам една година гасевме куќа во село Лажец, иселеник се врати од Австралија за тука да ја дочека Новата година, а куќата му вивна во пламен. Во 1975 година се запали ‘Агрохемизација’, голем пожар, па магацинот за вреќи во ‘Жито Битола’ “, рече   Геровски.

pp4

Битолската пожарна е најстара на Балканот основана дури во 1836 година за време на владеењето на турскиот султан Махмуд Трети.

Жанета Здравковска  

Ивор: https://www.fakulteti.mk/

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес ја посети детската градинка „Славејче“, која припаѓа на ЈОУДГ „Мајски цвет“, каде разговараше со директорката Кристина Лајмановска, за реализираните проекти, во објектите кои припаѓаат на оваа детска градинка.

детски 2

Постоечкиот објект во состав на ДГ Славејче кој во минатото се користел од страна на градинката сега е адаптиран и во него ќе се згрижувват деца и ќе се користи за една воспитна група. Со овај проект се овозможува и зголемување на капацитетите на градинката.

детски3

Во тек е изработката на детски игралишта, играчки, справи и реквизити во дворот на пет градинки кои се во состав на ЈОУДГ „Мајски Цвет“ Битола кои ќе бидат реализирани до крајот на овај месец. Преку оваа инвестиција ќе се создаде можност голем дел од програмски активности да се реализираат во дворот на градинките.

детски4

Како дел од активностите за подобрување на условите во градинките извршено е реновирање на кујната во ДГ„Коца Василевска“ и тоалетите во градинките ДГ„Славејче“ и ДГ„Пеперутка“, извршена е набавка на лед сијалици и клима уреди, кујнска опрема, а подобрени се условите во скоро сите објекти.

Во ДГ„Мајски Цвет“ се заменети старите врати од тоалетите, магацинскиот простор и кујната со нова ПВЦ дограма.

За изведување на сите овие активности преку општинската сметка за блок дотации обезбедени се средства во износ од 11.280.510 ден.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани