2win800x200

 

Пo повод 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба, денес пред споменикот на Даме Груев, свежо цвеќе положија, заменик градоначалникот на општина Битола, Бојан Бојкоски, претставници на Советот на општината, Сојузот на борци, претставници на политичките партии и млади од Извидничкиот одред Скаут Пелистер од Битола.

Пред 130 години, на денешен ден, беше основана Македонската револуционерна организација во Солун. Денешното оддавање почит, пред споменикот на еден од основоположниците на организацијата, значи потсетување на почетокот на македонското револуционерно движење и организираната борба на македонскиот народ за формирање на независна држава, но и должност во денешнината за континуиран напредок на Македонија.

Македонскиот народ, денес го одбележува 23 октомври - Денот на македонската револуционерна борба. Во знак на почит на овој значаен ден од македонската историја, пред споменикот на Даме Груев во Битола, свежо цвеќе положија пратеничката Силвана Ангелевска, заменик градоначалникот Бојан Бојкоски, претставници на Советот на општина Битола, Сојузот на борци, како и претставници на политички партии, организации и граѓани.

„Поклон до земја за основачите кои во 1893 година во Солун ја основале Македонската револуционерна организација со цел ослободување на македонскиот народ од империјализмот и превласта на околните сили и остварување на неговите основни права на самостојност и идентитет“, рече заменик градоначалникот на општина Битола, Бојан Бојкоски, честитајќи го денешниот празник.

Историската борба на македонските револуционери, продолжува да биде наш пример и обврска во денешнината, за гордо и истрајно чекорење напред, кон храбро надминување на предизвиците и создавање подобра иднина за генерациите кои доаѓаат, пишува во соопштението на Општина Битола. 

 

По повод Денот на Македонската револуционарна борба, 23 Октомври, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ-Битола, утре, вторник,  ќе организира трибина за формирањето, делото и значењето на Македонската револуционерна организација.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани