2win800x200


Од 15:55 часот се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Ресен - Битола преку планинскиот превој Ѓавато, информираат од АМСМ

Камион натоварен со бекатон плочки се преврти на патот Битола-Ресен кај превојот Ѓавато, откако му откажал системот за кочење.

Најпрво камионот удрил во заштитната ограда крај патот, по што се превртил.

Камионот е со битолски регистерски таблички, и е предизвикана само материјална штета. Нема жртви, ниту повредени, потврдуваат од СВР Битола за апла.мк

 

Поради врнежите од снег на планинскиот премин Ѓавато од 19,20 часот е воведена забрана за тешки товарни возила. 

Врнежите од снег попладнево предизвикаа проблеми во сообраќајот на повеќе патни правци, а во моментот според известувањето од АМСМ, во целосен прекин е сообраќајот на патот Битола-Ресен.  

АМСМ  известува дека  покрај забраната  за движење на тешки товарни возила, од 18,45 часот воведена е забрана и за патнички моторни возила преку планинскиот превој Ѓавато.

Попладнево околу 16 часот на овој патен правец имаше сообраќајна несреќа, заради што сообраќајот беше во прекин до 17,30,  но кусо време откако  патот  беше отворен, воведена е целосна забрана за сите возила.

Патници тврдат дека има застој заради излизгани камиони и автомобили. 

Целосно е во прекин и патниот правец Маврово-Дебар, поради лавина на патот, информираат од АМСМ. 

lavina

 

Страница 2 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани