2win800x200

Фото панелите поставени врз стариот рудник за јаглен „Осломеј“ во Кичево ќе произведуваат ,,зелена” електрична енергија, нема да го загадуваат воздухот и околината, а просторот околу нив ќе биде засејан со трева, која истовремено ќе го врати еко-системот и ќе спречи насобирање прашина врз фотонапонските панели и намалување на нивната ефикасност, соопштија од ЕСМ.

„Од тие причини, проектот Фотонапонска електрана во Осломеј е значен не само заради неговите енергетски вредности, туку е важен и од еколошки аспект за поблиската и подалечната околина на РЕК Осломеј. Електраната во моментот е функционална, веќе го користи сонцето кое го има во изобилие на ова поднебје и дава придонес во вкупното дневно производство на АД ЕСМ“, соопштија од Компанијата.

Во услови на енергетска криза, кога речиси и да нема земја во Европа и регионот која не е погодена од новонастанатата ситуација, АД ЕСМ ги презема сите неопходни чекори за оптимизација на работата, согласно законските можности кои ги има на располагање. Политичко етикетирање на вработените во компанијата и комбинатот и нивна поделба на подобни и неподобни никој досега ниту помислил, ниту направил. Оттаму, сметаме дека лидерот на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ е првиот и единствениот кој политички ги етикетира вработените во компанијата и во комбинатот, со што ги поткопува напорите на менаџмантот за справување со енергетската криза.

Што се однесува до работењето на РЕК Битола, најостро ги осудуваме инсинуациите за затворање на комбинатот кои политичката партија ВМРО – ДПМНЕ ги споделува во јавност подолго време. РЕК Битола ќе продолжи да работи без разлика на енергенсот што ќе го користи за производство на струја. Јагленот ќе се користи за производство на струја се додека струјата произведена од јаглен е економски исплатлива. Најголема потврда за тоа е набавката во вредност од 17,5 милиони евра на дел од потребаната механизација за ископ што АД ЕСМ ја реализира годинава, а за следната година планира нова набавка со која ќе може да се врши ископ на јаглен и од наоѓалиштето во Живојно. Паралелно со овие активности, се одвива процесот на трансформација кон обновливи избори на енергија и тоа на никаков начин не го загрозува опстанокот на РЕК Битола, пишува во реакцијата на ЕСМ. 

Во време на пандемија и економска криза Владата на Р. Северна Македонија и АД ЕСМ се грижат граѓаните да не плаќаат скапа струја. Само Христијан Мицкоски заговара АД ЕСМ да не ја продава струјата за граѓаните по ниска цена. Предлага истата да ја продава на регионалните берзи по многу високи цени, од каде Снабдувачот треба да ја купи и по такви високи цени да ја продава на домаќинствата, реагираат од ЕСМ на критиките на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

„Не е јасна економската и социјална логика и за што се залага Христијан Мицкоски. Ако АД ЕСМ ја продава електричната енергија на берза за да оствари поголем приход, тогаш ЕВН како снабдувач на граѓаните треба истата електрична енергија да ја купи од берза по уште повисока цена и со висока цена да ја продаде на граѓаните, а притоа да се соочи и со потешкотии да ја набави, што исто така ќе биде на штета на граѓаните“, стои во соопштението на ЕСМ. .

-Исто така се залага да не се набавува јаглен за РЕК Битола и РЕК Осломеј, а со тоа да не се произведе поевтина струја за стопанството и да не се зацврсти економијата. Дали Мицкоски го предлага неговиот модел во менаџирањето на производството на електрична енергија? Дали го предлага неговото искуство од времето кога беше директор на ЕЛЕМ, кога во 2017г купи увозна струја по астрономски високи цени и до 240 евра за MWh. За на ЕВН да му ја продаде за 40 евра за MWh? И тоа да биде платено 5.600.000 евра државни пари? Дали Мицкоски и сега се залага да не се зголеми  домашното производство  на поевтина електрична енергија-прашуваат од ЕСМ.

Од таму додаваат дека уште минатата година се поставија неколку прашања, на кои Христијан Мицкоски не даде одговор:

  1. Зошто Христијан Мицкоски во 2017 година дозволил да нема евтино домашно производство и наместо тоа-да купува скапа увозна струја?
  2. Зошто купувал ден за ден, што е модел за највисоки цени? Зошто не набавил плански за подолг период, со што би се постигнало намалување и упросечување на цените? Дали така ќе се избегнеше цената од 240 евра?
  3. Дали со неговото неодговорно раководење, свесно ја оневозможил компанијата да произведе сопствена евтина енергија, со што ја загрозил стабилноста на електро-енергетскио систем, а исто така предизвикал сериозна материјална штета?

До денес нема одговор на прашањата. Наместо тоа Христијан Мицкоски и денес се залага да не се произведува домашна струја, се залага да не се продава струјата кон граѓаните по субвенционирана цена и изнесува математики и пресметки кои се неодржливи.

Веселата математика на Мицкоски ја сметаме за предизборно политикантство кое нема основа во реалната економија. АД ЕСМ е надвор од политичките институции и компанијата, водејќи се по економската логика и потреби, засилено ќе произведува домашна струја, и за граѓаните и за стопанството, пишува во соопштението.

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани