2win800x200

Здружението „Конгреси Башкимит“ од Битола заедно со агенцијата Илирија Њус од Скопје, денеска поднесоа предлог до претседателот на Албанија, Илир Мета, за отворање почесен конзулат на Албанија во Битола. Велат дека на овој начин ќе се подбри комуникацијата меѓу двата народа на културен план, но исто така, ќе се зајакне и економската соработка.

Чест ми е како претседател на Република Албанија да го посетам градот Битола, Манастир на албански јазик. Го изразувам моето задоволство што се наоѓам на ова свето место за Албанците, каде што нашите најумни и најхрабри патриоти пред 109 години  го направија унифицирањето на албанската азбука. Битолскиот Конгрес е исклучително важен настан, бидејќи ја забрза процедурата за следниот голем настан, независноста на Албанија.

Сакам да искажам благодарност  до властите на Р. Македонија и на локално и на централно ниво, за грижата што ја покажуваат за овој објект и за сите нивни планови за реставрација, надградба и збогатување  на објектот. Ние ќе бидеме во комуникација за да го дадеме нашиот придонес.

Јас се надевам дека сме во нова ера на одлични меѓуетнички односи внатре во Македонија,

Страница 3 од 3

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани