АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По санацијата на кровната конструкција на сите објекти од градинката „Коца Василева“, во тек се изведбени активности на фасадата, со што комплетно се затвора процесот на надворешната реконструкција на објектот, кој ги задоволува стандардите на енергетска ефикасност.
Децата од ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“ заедно со нивните воспитувачки подготвија завршна приредба на тема „Патувам, Патувам...“, која се одржа денеска во Центарот за култура. Креативни костими, музички точки, танцови и други изведби од најмладите, со специфики на разни земји од светот, можеа да видат родителите и другите присутни на оваа приредба.
Приредба со музички точки и спортски натпревар меѓу татковците и децата се одржа по повод патрониот празник на градинката„ Мајски цвет“’ на која учествуваа клоновите „Качунка“, „Кокиче“, „Пеперутка“ и „Коца Василевска“.