2win800x200

Културно-информатичниот центар од Битола беше домаќини на повеќе од четиристотини културни и други јавни настани за само десет месеци активна работа во 2022, при што прими преку 65 000 публика , а на сценските простори на КИЦ во Офицерски дом и Кино Манаки, настапија преку петстотини 500 изведувачи од сите културни сегменти, како музичари, актери, поети, сликари, фотографери, мултимедијални артисти и др, соопшти директорката Лили Бошевска.

Воедно КИЦ Битола се појави и како продуцент на неколку важни настани, меѓународната активност со пет настани од меѓународен карактер, при што промовираа седум нови сценски простори достапни за уметниците и публиката.

„Бројките се навистина импозантни и зборуваат за една серизона динамика и културна политика и професионален капацитет на установата“, рече Бошевска.

Од реализираната програма ги издвои следните настани: концерти „Македонисимо“ на Симон Трпчевски, ,,Стабат Матер'' на Камерeн оркестар под покровителство на Општина Битола, Одбележување на светскиот ден на џез музиката со концерт на Сашо Поповски трио и изложба на Татјана Ранташа – Џезтетика, Градските приказни на КУД ИЛИНДЕН „Битола е градот“, "Св. Кирил и Методиј" на Театарската школа "Бабец" и КИЦ, V Меѓународен фестивал на кларинет и саксофон „СаксКлар“2022, „Пијано фест“ 2022, "Веселите жени од Виндзор"- Шекспир фестивал, Хармониките фестивал, „Бит фест“ Концерт на Профундус – камерен оркестар, Ревијална вечер на серенада „Ех, таа серенада“, Меѓународна ликовна изложба „Вернисаж ААМА 19“, Концерт на Дино Имери, Камерен ансамбл НОНЕТ+, „Зимска приказна“, Четврт Форум на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО, Изложба на македонски и италијански уметници „Mirror Face to Face“, Изложба - Атланти и Хипербореа на Владо Ѓоревски, СЕЕ филм фестивал, ИФФК Браќа Манаки – студентска програма, Битолска современа уметност – галериска поставка, Концерт на Виенски инструментални солисти, Концерт на хорска музика - Хор „Триглав“ и многу други.

333038170 893734281672779 8095181252852806443 n

КИЦ Битола во оваа година влегува уште поамбициозно како со набавка на техника за уметничка реализација и презентации, така и со промовирање на нова современа веб страница kicbitola.mk. „Ја користиме оваа прилика да најавиме еден амбициозен проект, односно електронското списание за култура и уметност ‘Бели хоризонти’, во кое ќе бидат поместени теми од културата и уметноста, архитектурата, сликарството, литературата, со што КИЦ Битола си поставува нови предизвици и стандарди во работењето“, додадоа од КИЦ.

КИЦ Битола е поддржан со четири проекти од национален интерес од Министерство за култура од областа на ликовната уметност, интердисциплинарните уметности и меѓународна соработка, а поддршката од Општина Битола, освен во институционалниот дел доаѓа и во поддршка на повеќе проекти. Тоа се проектите за мозаиците на академик Газанфер Бајрам- 50 години од неговото трворештво, изложба по повод 55 години од творештвото на Саку Нашоку, битолски ликовен уметник, проектот за македонскиот графичар Ѓорги Чулаковски- Џото чие семејство подари дел од неговите дела, а неговото творештво ќе биде инспирација поетите да творат и „Седум по седум“ изложба на македонски и канадски автори. За проектите Министерството за култура им одбори 400 000 денари.

Она што е новитет во годинешната програмска и ресурсна поставеност на КИЦ Битола се подготовките за отворање на Туристичкиот инфо центар во рамките на Кино Манаки, активностите за туристичка промоција на Офицерски и Кино Манаки и секако Општина Битола. Ова е нова дејност на установата –поврзување на туризмот и културата во градот.

„Концептот на работа до детали го соработивме, а посебен акцент ќе ни биде промоција и развој на туризмот на локално ниво и туристичка валоризација на културните манифестации. Сметаме дека културата е атрибут кој може да биде важен колку и планината Пелитсер, па можеби спојот на културните и природните вредности можат да ја направат Битола поскаувана туристичка дестинација“, рече Тоше Ивановски, соработник за сценско- музичка дејност, а задолжен и за ТИЦ.

Бошевска е задоволна со финансиските параметри од работењето на установата.

„Задоволна сум од работењето. Кога почнав како директор на сметката имаше 100 000 денари, а сега со сите платени обврски на сметката имаме 1 200 000 денари. Сето тоа е од комерцијалните настани во нашите објекти, културни настани кои се самофинансирани од уметници и аматери“, рече Бошевска.

Културен и информативен центар - Битола објавува конкурс, со траење од 01.02.2023 до 31.03.2023, за 14 нови композиции за потребите на фестивалот на битолската серенада "Ех таа серенада" 2023 .

Композициите треба де се во согласност со досегашните принципи на компонирање на музика и пишување на текстови во корелација со староградската музика, со потенцирање на битолската серенада како основен уметнички израз. Сите варијации и иновации на оваа тема се добредојдени за збогатување на квалитетот на оваа музичка форма.

Музичките дела треба да се достават како демо снимка во mp3 формат, аплициран текст, и/или нотен запис на мелодиската линија со запишани акорди на електронската адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

За изборот на композициите неприкосновено право при селектирањето и изборот на делата има комисијата назначена од КИЦ Битола. Избраните музички дела ќе бидат хонорирани со 12.000 денари за текст, 12.000 денари за музика и 12.000 денари аранжман. Изведувачите ќе добијат хонорар од 5.000 денари.

Во корист на квалитетот на фестивалот, организаторот има право да нарача одреден број композиции кај докажани автори, и ја задржува целосната контрола врз аранжманите, поради тоа што музичкиот настан ќе се изведува во живо со оркестар, со професионални музичари кои имаат искуство и знаење да одговорат на предизвикот.

Фестивалот "Ех таа серенада" 2023 ќе се одржи во Офицерски дом – Битола (плато) во рамките на Бит Фест 2023.

Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени најдоцна до 15.04.2023.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани