2win800x200

Досегашните активности и плановите и перспективите за идна можна соработка на повеќе полиња меѓу Општина Битола и Генералниот конзулат на Бугарија, беа тема на првата работна средба меѓу градоначалничката Наташа Петровска и новоназначениот конзул Димитар Иванов, кој е на оваа должност само седум дена.

Градоначалничката Наташа Петровска денеска рече дека останува отворена за разговори со превозниците, но нема да прифати условувања, ниту пак да отстапи од некои ставови што ќе значат решение за училишниот превоз.

Во текот на денот група ученици се собраа пред Општина Битола, протестирајќи по однос на состојбите со превозот. Градоначалничката на Општина Битола ги покани децата во општината, при што им ја објасни актуелната состојба со превозниците, законските измени и новите правила за користење на линискиот превоз од страна на учениците во местата каде што го има. На оваа средба, таа исто така им ги објасни и тековните наследени проблеми од изминатите години со кои што се соочува Општина Битола во моментов и ги повика на трпение, до конечното решавање на проблемот, кое следува за краток период. Петровска и пред нив уште еднаш го повтори ставот дека општината нема намера да штити нечии лични интереси на штета на образованието, односно на штета на условите во кои децата. Таа посочи дека на сметка на досегашните високи цени на превозот на учениците, не е направено повеќе во однос на санирање на тоалетите, таблите, прозорците, а ниту во нагледните средства за работа.

Ваквото обраќање на градоначалничката наиде на разбирање кај учениците и во коректна атмосфера се договорија на взаемо решавање на проблемот и натамошна координација. При тоа таа ги замоли да не бидат инструментализирани од одредени поединци и структури кои што криејќи се зад наводен интерес за решавање на проблемот со превозот, сакаат да остварат лични и политички поени.

На средбата присуствуваа и директори на дел од училиштата, кои дополнително дадоа објаснувања за натамошните чекори кон изнаоѓање решение на овој проблем.

Повеќе од 31 000 гласови во општина Битола не добив за да продолжат коруптивните зделки до даска во превозот со учениците, рече градоначалничката Наташа Петровска околу актуелната состојба со школскиот превоз во Битола.

Битолчани  во едно се согласуваат дека низ улиците во градот се вози пребрзо, не се почитуваат ни правила, ни прописи, а неретко улиците се злоупотребуваат од возачите „камикази“ без оглед дали се со автомобили или мотори и скутери. Но, за жал битолчани едно се однесуваат кога се возачи, а друго кога се во позиција на пешаци. Во билтените на сообраќајната полиција секојдневно се регистрираат прекршоци од несовени возачи, се изрекуваат казни  но состојбите не се подобруваат.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани