2win800x200

Битолчанка  се здобила со тешки скршеници по екстремитетите откако автомобил удрил во неа и воопшто не застанал туку избегал од местото на несреќата. Полицијата сега трага по него и се прибираат податоци од очевидици.

-На 08.03.2019 година во 08 часот во СВР-Битола било пријавено дека во Битола на крстосницата од улицата “Прилепска“ и улицата “Батаљон Стив Наумов“ непознато возило управувано од непознато лице удрило во пешак В.Б.(50) од Битола, по што го напуштил местото на настанот. В.Б. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани од страна на лекар од Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Битола и се работи на пронаоѓање на возачот и целосно расчистување на случајот, информираат од СВР-Битола.

Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола на 05 март, извршиле контрола за брзина, зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила,  појас, светло при што биле контролирани 445 возила.

Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола на ден 25 февруари, извршиле контрола за брзина, зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила,  појас, светло и алкохол, во сите полициски станици  при што биле контролирани 390 возачи и возила.

При контролата, констатирано е дека 16 возачи го управувале возилото со поголема максимална брзина од дозволената, 3 возачи управувале без возачка дозвола, од 10 алкотестирани нема утврдено присуство на алкохол .
Нерегистрирани биле 5 возила, 8 возачи се писмено опоменати ,а  на 38 возачи  изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така изготвени се и14 прекршочни налози. Исто така при контролата откриени се и други 15 видови останати прекршоци.    

Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола викендот (22.23.24-февруари),извршиле контрола за зимска опрема, управување без возачка, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата , товарни возила,  појас, светло и алкохол, во сите полициски станици  на 1079 возачи и возила.При контролата алкотестирани се вкупно 129 учесници во сообраќајот ,при што кај 13 возач откриено е присуство на алкохол и истите се  исклучени од сообраќај.

Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола минатиот викенд извршиле контрола за зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, безбедносен ремен, светло и алкохол на 1.424 возачи и возила.

При контролата, кај 31 возач откриено е присуство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани