2win800x200

За овие Божиќни празници, амбиенталната улица во Битола, Широк Сокак, беше исчистена од мраз. Не се лизгаше иако претходно имаше заврнато снег, кој потоа подмрзна. Не беше опасно да се гази ни на лизгавите црни плочки. Уште во неделата Јавното претпријатие „Нискоградба“ низ улицата фрли сол, овозможувајќи за време на божиќниот метеж, граѓаните безбедно да се движат. Во минатите години се случуваше снегот да се исчисти од улицата или да се собере во купчиња на среде, а растопените делови остануваа да се подмрзнат и беше лизгаво.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани