2win800x200

Готов е муралот што деновиве го наслика тимот на Hybrid Minds Crew на дел од фасадата на зградата кај Атпазар во Битола.

FB IMG 1564345584461

Овој дел од зградата  со години беше лоша слика, место обраснато со грмушки, расфрлано  ѓубре, а фасадата ја нагрдуваа  разни графити. 

FB IMG 1564349488557

Сега ѕидот е разубавен со лик на жена со цвеќе во косата и птица над главата, а муралот со површина од 130 метри квадратни,е посветен на убавите жени по кои е позната Битола.

Проектот е дел од годинешното издание на "Битфест".

FB IMG 1564345571422

Претходно на овде беше поставена урбана опрема, клупи, корпи за отпадоци, велоп паркинг и др, со што местото доби комплетно нов лик

 Покрај муралот кај Атпазар, тимот на  Hybrid Minds Crew, лани го нацрта муралот на зградата кај Шехерзада како и 3Д пешачкиот премин кај Горната гимназија

На зградата кај  Атпазар, на дел од фасадата кон   улицата „Прилепска“, деновиве почна цртањето на мурал кој ќе има површина од околу 130 метри квадратни.

Портетерот на еден од највлијателните и најважни личности во културата на Македонија, драматургот Горан Стефанофски е исцртан на дел од ѕидот на Ракометното игралиште во Битола, а исто така испишан е и цитат од неговот дело „Тетовирани души“. Стефановски, е роден во Битола  на 27 април 1952 година, а почина на 27 ноември во Велика Британија, на 66 годишна возраст

Во рамките на проектот „Денови на човековите права“, денеска уметниците Herve Potelle I Alexandre Rajkovic,  пред влезот на битолската библиотека цртаа  мурал на тема “Фауна и Флора – право на живот во здрава средина“
 
Настанот го организираат Француската Алијанса од Битола, Француската амбасада и Националната установа Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола.
 
 
Проектот се реализира веќе една недела, со различни настани, а целта е да се подигне свеста за човековите права.
 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани