2win800x200

Младинската невработеност е речиси двојно поголема од просечната стапка на невработеност во Македонија, што е висок процент и покрај мерките што државата ги презема години наназад преку плаќање на придонеси за вработување на млади, субвенционирање и друго. За овој горлив проблем зборуваше Дона Костуранова од Младинскиот образовен форум од Скопје на панел дискусијата „Младите и политиките за вработување “што денес се одржа во Битола во организација на МКЦ и Фондацијата за претприемачи-сервис за млади.

Дејан Трајковски од Битола има 26 години, магистер е по правни науки и е невработен. Четири години е активен барател на работа,  но со досегашните мерки за вработување не успел да се вработи. Се надева дека во иднина работите ќе се променат, а младите луѓе во државата ќе добијат шанса.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани