2win800x200

На плац кај Буковски ливади, поточно на улица „Буковски Мост“ вчера сабајле околу 4 часот од засега непознати причини се запалил камион „Ивеко Стралис“ и две полуприколки со битолски регистарски ознаки, сопственост приватна на фирма. Од СВР Битола извршиле увид.

Во гаснењето на пожарот интервенирала битолската Противпожарна единица со две возила и неколку пожарникари. Од таму за Апла.мк  велат дека на истиот плац имало пет камиони, а оној кој се запалил не бил возен десетина дена. Со интернецијата спречиле пожарот да се рашири и врз другите камиони.

Се истражуваат причините за пожарот, а не е исклучена можноста да бил подметнат.

Мерната станица на платформата Земи здив  во месноста Бадембалари, денеска попладне покажа високи концентрации на штетни честички во амбиенталниот воздух. Со помош на жителите  од Бадембалари, кои направија фотографии и видео се откри и  изворот на аерозагадувањето- запалена отпад, а огнот ја зафати и сувата трева во околината.

Чадот и лошата миризба на изгорено кои утрово се проширија низ делови од Битола најверојатно беа последица на горење на дива депонија на излезот на градот, после Светонеделските гробишта по улицата Прилепска.

Од снимениот материјал на Платформата „Земи здив“ може да се види како чади депонијата после пожар, како и тоа дека е прилично голема. Не се знае што го предизвикало пожарот. 

Со натчовечки напори вечерва локализиран е пожарот што избувна во атарот на селото Ротино и не се дозволи проширување кон моликовата шума,соопштија од Општина Битола.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани