2win800x200

Независната иницијатива „Поинаку“ на плоштадот Магнолија го презентираше проектот за згрижување на бездомните животни во прифатилиште. Презентацијата беше направена на отворено пред граѓаните со цел да се поттикне поголем интерес и поголема свест кај битолчани за решавање на  овој проблем.

Според добиените податоци за 2017 година за бездомни животни на територија на општина Битола бројот е околу 400 кучиња скитници и непознат број на мачки и неколку напади од куче кон граѓани на Битола.

Формирање на привремена советничка комисија која ќе го испита работењето на општина Битола и екс градоначалникот Владимир Талески за периодот од 2005 до 2017 година, побара советничката Габриела Илиевска од „Поинаку“ на денешната седница на Совет во Битола.

По долго време гледаме градоначалник присутен во салата на Советот, се надевем дека тоа ќе биде често и нормално, рече Габриела Илиевска, советник од независната граѓанска иницијатива „Поинаку“ на денешената конститутивна седница на Советот на општина Битола на која присуствуваше и градоначалничката Наташа Петровска.Во изминатиот период екс градоначалникот Владимир Талески долго време не се имаше појавено во Советот, па советниците мораа на писмено да му ги праќаат прашањата.

Независната листа „Поинаку“ освои две  советнички места во новиот состав на битолскиот Советот. Идните советници ќе бидат: носителката на независната советничка листа Габриела Илиевска и вториот на листата Иван Чулаковски.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани