2win800x200

Полицискиот час викендов ќе трае пократко. Наместо во 14 часот ќе почнува во 19 и ќе трае до 5 часот следниот ден. Ваков предлог Комисијата за заразни болести денес поднесе до Владата, а таа ќе го разгледа и ќе донесе одлука уште денес. 

„Утрово имавме состанок на Копмисијата за заразни болести и бевме вклучени директно на Централниот штаб во Владата и предложивме полицискиот час за време на викенд да биде од 19 часот до 5 часот наутро. Тоа како предлог ќе се даде на седница на Влада. А во однос на олабавувањето на мерките што е предвидено да се случи од следната недела, односно од понеделник, останува да ја следиме состојбата и во текот на денешниот ден, да ги анмализираме случите од денешниот ден на утрешниот утрински состанок и потоа ќе излеземе со соодветни предлог мерки до Штабот и Владата“, рече Филипче. 

Основното јавно обвинителство Битола до Основниот суд Битола поднесе  предлози за издавање на казнени налози за вкупно 11 лица, сите поради сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

 
 
Дванаесет прекршувања на полицискиот час кој трае цел викенд досега се регистрирани на територијата на општина Битола, соопштија од Битолската полиција.  На улица без дозвола за движење биле затекнати осумина возрасни битолчани и четири деца. Четворица се приведени, а други четворица се опоменети. 

Основното јавно обвинителство Битола поднесе Предлог за издавање казнен налог против шест лица кои го сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани