2win800x200

Три знамиња раширија  пред советничката говорница, советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, по што ја напуштија денешната седница на битолскиот Совет, во знак на поддршка за притворените од настаните во Собранието на 27 април. Координаторот  Борче Димитровски, ваквиот потег го образложи од говорницата.

Конституиран е новиот Совет на општина Битола. Сите членови денес ги  потпишаа свечените изјави дека правата и должностите како советници ќе ги вршат совесно почитувајќи го Уставот, законите, прописите на Советот и дека ќе го штитат уставниот поредок на Република Македонија.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ и колиционите партнери денес не дојдоа да си ги подигнат уверенијата на свеченоста што беше организирана во Советот на општина Битола. На свеченоста присуствуваа сите останати советници, а од опозицијата велат не дошле зашто не било пракса да се организираат свечености, туку уверенијата да се доделуваат на конститутивната седница.  

-До сега не се организирале свечености, туку на конститутивната седница се подигале уверенијата и се давале заклетвите. Така и ние ќе се појавиме на конститутивната седница. СДСМ да престане со популизмот, изборите завршија, време е да се зафатат со работа, ја имаат апсолутната власт ќе имаат и апсолутна одговорност- вели Борче Димитровски, носителот на кандидатската листа од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери.  

Новата градоначалничка Наташа Петровска запрашана дали очекува во иднина конструктивност од опозицијата со оглед дека не се појавија на доделувањето на уверенијата, изјави дека не би сакала да коментира какво би било нивното однесување во иднина.

-Која е причината зошто денес не се присутни најдобро си знаат. Сакам да бидам убедена дека сите избрани советници ќе се залагаат за интересите на граѓаните на Битола - рече Петровска.

Од Општинската изборна комисија изјавија дека роковите за поднесување на приговори за локалните избори поминаа, за Битола немаше приговори, па констатирале дека објавените резултати се конечни.

-По тој повод беше организирана и денешната свеченост кога се доделуваа и уверенијата за градоначалник и за советниците.  И минатиот состав на Советот имаше свечено доделување на уверенијата и тоа токму во истата сала- рече Зоран Насев, претседател на Општинската изборна комисија.    

Во новиот Совет за првпат по три мандати мнозинството ќе биде на СДСМ. Тие со коалиционите партнери освоија 17 советници, ВМРО ДПМНЕ 11, Поинаку 2 и ДУИ 1. 

Утре во 10 часот во салата на Советот на Општина Битола свечено ќе им бидат доделени уверенијата на избраните советници и градоначалниката на Општината, Наташа Петровска. 

Независната листа „Поинаку“ освои две  советнички места во новиот состав на битолскиот Советот. Идните советници ќе бидат: носителката на независната советничка листа Габриела Илиевска и вториот на листата Иван Чулаковски.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани