2win800x200

Битолската Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ стана болница „Свети Андре“ во филмот „Сирена во Париз“, во режија на Матијас Малзју, кој од денес почна да се снима во оваа здравствена установа во Битола. За потребите на филмот кој е белгиско-француско-македонска копродукција поставен e и натпис со новото име. Денес се снимаше во толаетите, собата за реанимација, ходниците, а следните денови во лобито, чекалниците и на паркингот.

На локации во Битола и нејзината околина и во главниот град деновиве се одвива снимањето на првиот македонски филм снимен на турски јазик со работен наслов „Најтешкото нешто“ во режија на турскиот режисер Сердар Акар, а во продукција на Сектор Филм од Скопје.

По повод Денот на ретки болест, утре 21 февруари, во малата сала на Центарот за култура во Битола, во 18 часот ќе биде прикажан долгометражаниот филм од Босна и Херцеговина   „Лицата на Лафора“, потресна и инспиративна приказна кој ја обработува темата  за ретките болести и ја документира судбината на едно семејство и нивната битка со болеста лафора.

Фестивалските завеси на 39-то издание на Интенрнационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манки“ во Битола се одржа во полупразна сала во Центарот за култура. Церемонијата беше на потребното ниво, но публика немаше многу. Како и секоја година, така и оваа отворањето на фестивалот привлече повеќе гости отколку затворањето.

Без голем гламур и метеж на црвениот килим. Поминаа помалку политичари отколку на отворањето на фестивалот. Референдумот ги одвлече од филмот. На црвениот килим помина по некој некој локален фунционер, директор, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, новинари и филмаџии.

Откако дел од публиката беше искритикувана од модни критичари за тоа како изгледаше на отворањето од фестивалот, на завршната вечер се проби по другите патеки за да стигне до Центарот за култура.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани