2win800x200

Одржувањето на Реонскиот пазар во Нова Битола преминува во надлежност на сите  јавните претпријатија, а не само на ЈП „Пазари“. Советот денеска донесе одлука ЈП „Комуналец“ да ја одржува зелената површина, ЈП „Нискоградба“ канализационата мрежа, пасажите и скалите, а ЈП „Водовод“, водоводната мрежа. На овој начин, секое претпријатие ќе биде задолжено за нормално функционирање на работите  за кое е надлежно

 Општина Битола и јавните претпријатија активно се вклучија во акцијата за средување, чистење и разубавување на животната средина во општините во Република Македонија, иницирана од Заедницата на единиците на локалната самоуправа. Во еко акцијата се вкучија со механизација и работници Јавните претпријатија „Комуналец, „Нискоградба“и „Водовод“ од Битола. Покрај вработените, смет чистеа и заменичката градоначалник Емилија Костурска, директорите на јавните претпријатија и советници.

Вербален дуел меѓу советниците Методија Илиевски и Габриела Илиевска

Финансиските планови за работа во 2018 година на јавните претпријатија „Комуналец“ и „Водовод“ беа изгласани со мнозинство гласови во битолскиот Совет, а на останатите како „Нискоградба“, „Пазари“, „Жабени“ и ЈП за урбанистичко пранирање, проектирање и инженеринг, како и на Старскиот дом „Сју Рајдер“, не беа усвоени.

Горан Козаров најверојатно ќе биде новиот директор на Јавното претпријатие „Водовод“, а Панде Богоевски прв човек на ЈП „Комуналец“, неофицијално дознава Апла.мк. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани