АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со ликовни дела на кои е отсликана Битола, нејзините архитектонски и културни богатства, како и вечната Хераклеја синоќа во Завод и музеј од Битола беше отворена изложба по повод јубилејот 60 години творештво на познатиот битолски уметник Панде Петровски. Оваа изложба која содржи над 200 негови творби беше отворена во предвечерието на фестивалот „Илинденски денови“ и е поддржана од Министерството за култура, Општина Битола, Центарот за култура и други институции..
Хитот „Добро утро Битола“ по текст на Валентин Соклевски и аранжман на Миодраг Неќак на манифестацијата „Незаборав“ ги стана битолчани на нозе. Песната која некогаш ја изведоа „Битолските конзули“ овој пат ја испеаја дел од членовите на оваа група во придружба на „Калабалак“, Бојан Стојков и професорот Зоран Маневски. Песната ја прикажува Битола како место кое ја смирува душата на секој битолчанец по тагата и осаменоста. За време на изведбата на интерпретаторите на сцена им се придружи и организаторот на „Незаборав“, Панде Димитровски, кој преку манифестацијата им овозможи на биточани да уживаат во серенадите и други песни што имаат битолски белег. Денес за добро утро, „Добро утро Битола“.