2win800x200

По завршувањето на  Локалните избори кои се одржаа во неделата на 15ти октомври,  Општинската изборна комисија – Битола го додели уверението за избран градоначалник на кандидатот од коалицијата предводена од СДСМ, Наташа Петровска. На свеченото доделување на уверението, Петровска рече дека очекува што поскоро примопредавање на функцијата градоначалник.

Битола за првпат ќе ја води жена.

Наташа Петровска од СДСМ ја доби довербата на граѓаните во првиот круг и  ќе биде првата жена градоначалник во Битола.

Досега  со градот управуваа само градски татковци.

Иако ДПМНЕ најавуваше голем сенароден митинг, вчерашната реална слика не беше ништо повеќе од мал, оскуден собир на плоштадот Магнолија. Дури и нивниот лидер Груевски не ги удостои со присуство на почетокот, туку дојде при крајот , се обрати и брзо замина, рече пратеникот и претседател на Општинската организација на СДСМ во Битола, Васко Ковачевски.

Поранешната касарна, а сега веќе новата населба Златен рид ќе доживее градежна експанзија, вети Зоран Илиоски кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ. 

-Овде ќе продолжиме да создаваме услови за нови колективни индивидуални градежни инвестиции кои ќе ја раздвижат економијата на градот-рече Илиоски. 
Тој рече дека ќе изградат и асфалтираат три нови улици во касарната, како и атмосферска канализација, во вкупна вредност од 53 милиони денари. 
Во АРМ 1 и АРМ 2 предвидуваат изградба на нова нисконапонска кабловска мрежа и улично осветлување во вредност од 7,3 милиони денари. 
 
 

„Чесноста за мене е пред се зашто и по четири години сакам да ве видам со чисто лице и без срам, да пијам кафе со вас на Широк Сокак“. Вака кандидатката за градоначалник од редовите на СДСМ, Наташа Петровска им порача на своите сограѓани на партиската промоција што се одржа в очи почетокот на изборната кампања во Битола. Во преполната сала со стотици сопартијци и поддржувачи, таа одржа емотивен говор ветувајќи дека нејзиниот кабинет ќе биде отворен за сите граѓани и беше наградена со бурни аплаузи.

Страница 6 од 6

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани