2win800x200

Раководителот на подрачната единица на Министерството за земјоделство во Битола, Методија Илиевски, денеска на терен направи обиколка на откупните пунктови за тутун.

-Целта на оваа обиколка по откупни пукнтови беше да се види реалната состојба на самите пунктови како и тоа какво е расположението на производитрлите за самиот откуп. Ги посетивме Сокотаб со откупен центар во Битола и Драгожани, СЕКЕ во Горно Оризари и Мисиријан во Лисолај, информираше Илиевски.

На 19 ноември, започна откупот на тутунот од реколтата 2018 година во  регионите  на општините Битола, Новаци и Могила. Откупот на тутунот во Пелагонискиот регион се извршува на 17 откупни места и тоа во населените места:Горно Оризари, Могила, Добромири, Дедебалци, Добрушево, Ивањевци, Трновци, Беранци, Лисолај, Драгожани, Лопатица, информираше претходно Илиевски.

 Планирани количини на тутун кои треба да се откупат се: 3364 тони.

Вкупно склучени договори со земјоделците се 3408, додека се издадени вкупно 2475 евидентни листови.

Од страна на подрачната единица на Министерството за земјоделство во Битола издадено е решение за формирање на второстепена комисија која има обврска, доколку има потреба за дополнителна процена да ја изврши истата на предадените количини на тутун.

IMG 406a7ac65e274dd5864d97c7ebfd2aca V

IMG f81da54e7d6cea2683559924dbffcb75 V

IMG 4492d752bb34ab93497deeee9f71bb44 V

Од вчера започна откупот на тутунот од реколтата 2018 година во  регионите  на општините Битола, Новаци и Могила. Откупот на тутунот во Пелагонискиот регион ќе се извршува на 17 откупни места и тоа во населените места:Горно Оризари, Могила, Добромири, Дедебалци, Добрушево, Ивањевци, Трновци, Беранци, Лисолај, Драгожани, Лопатица, информираше подрачниот раководител на Министерството за земјоделство во Битола, Методија Илиевски.

Методија Илиевски е новиот подрачен раководител на Министерството  за земјоделство, шумарство и водостопанаство  во Битола , вклучувајќи ги и општините Новаци и Могила. Илиевски на оваа функција  е назначен од 1 ноември годинава , тој е магистер по фармерски науки со завршен Факултет за биотехнички науки во Битола. Илиевски останува и на позицијата советник во Советот на Општина Битола  и координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата.

Кавга меѓу дел од советници од локалната власт и опозицијата изби на денешната седница на Совет за време на дискусијата по иницијативата покрената од Општина Битола за формирање на Јавно претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници.

Советниците од опозицијата негодуваа дека иницијатива се покренува пред референдумот, па ја оценија како популизам, а советниците од владеачкото мнозинство обвинија дека претходната власт склучувала  договори кои се злоупотребувале, а тие ќе формираат јавно претпријатие кое ќе биде во сопственост на Општината, па парите од паркинзите ќе се трошат за доброто на градот.

Методија Илиевски, е новиот координатор на советничката група на СДСМ во Советот на Општина Битола.

Страница 5 од 5

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани