2win800x200

Иселеничкиот бран од кој веќе подолг период е погодена Битола има негативни рефлексии и врз посетеноста на Народниот театар во Битола. Директорот Иван Јерлиќ вели дека посетеноста пред 10 до 12 години се движела од 13 000 до 15 000 гледачи, а сега е сведена меѓу 6000 и 8000.

Екс градоначалникот Владимир Талески на досегашните аудиции во Народниот театар во Битола никој не одлучил да го земе во претстава, рече директорот на театарот Иван Јерчиќ. На новинарско прашање дали Талески доаѓа на работа и дали зема плата, Јерчиќ рече „ние познаваме многу повеќе луѓе кои ни се далеку од државата, па земат плата, а не одат на работа“.

„Во минатата година сите подели на улогите функционираа на принцип на отворена аудиција, Владимир Талески досега никој не одлучил да го земе во претстава, кога ќе одлучи некој, ќе се појави тој на работното место“, рече Јериќ.

Аждерот замина, а аждеримзот преживеа, вака режисерот Владимир Милчин преку една реченица ја претстави темата на новата премиера „Аждер“ што на 20 ноември ќе се игра на сцената на Народниот театар во Битола.

Арарат ќе стане Шарарат во „Но(е)ва Македонија“

Во новата премиера на Народниот театар од Битола, „Но(е)ва Македонија“ арката на Ное ќе се насука не на Арарат туку на Шарарат, поточно на Шар Планина во Македонија и оттука ќе се распрсни човештвото ширум светот. Ова е само дел од претставата во режија на Кокан Младеновиќ од Србија чија премиера е утре во 22 часот во Битолскиот театар. Претставата ќе ги исмее националистите и политичките грандомани кои ја изопачуваат историјата и себеси се прогласуваат за основачи на целокупната нација.

Белградскиот режисер Златко Паковиќ, кој ја режира најновата претстава на Битолскиот народен театар „Јулие Цезар- рес публика или Коза Ностра“ чија премиера е во петок, на прес конферецнија направи споредба меѓу поранешниот римски водач Цезар и екс премиерот Никола Груевски.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани