2win800x200

Советот ја усвои завршната сметка на Основното училиште „Тодор Ангелевски“ од Битола за 2018 година. Во ова училиште, под водство на директорката Љубица Стерјева, во текот на учебната година 2018 беа извршени повеќе зафати со кои се подобрија условите за изведување на настава.

                               ПОДРАЧНО УЧИЛИШТЕ „ТОДОР АНГЕЛЕВСКИ“- ГОРНО ОРИЗАРИ

-Комплетна реконструкција на кровната покривка ,заедно со таванот во училница во училиштето во Г.Оризари.

-Молерисување мрсно ,посно сите училници ,наставничката канцеларија и ходниците во училиштето во Г.Оризари.

-Во поголем дел од училниците во Г.Оризари се купени плазма телевизори .

-Променети се целосно   сите прозори и врати со искршено стакло во училиштето.

-Низ ходниците во училиштето поставени се нови клупи и масички кои ги користат учениците за време на одморите во училиштето во Г.Оризари.

-Во спортската сала во училиштето во Г.Оризари пререден е поголемиот дел од паркетот.

-Зголемен е библиотечниот фонд на книги во училиштето во Г.Оризари,уредена е библиотеката поставен е лаб топ и печатар во библиотеката.

-Дворот во училиштето во Г. Оризари е уреден со поставување на нови рефлектори за осветлување и засадени се зимзелени дрвца,со бојадисани гуми од возила за разубавување на училишниот двор.

-Во училиштето се направи за прв пат минатата година комплетно пустање во работа на котелот и ставање во функција , парното.Предходно во училиштето затоплувањето беше на печки на дрва.

-Поставена е телефонска   линија заедно со аларми за комплетно одезбедување на училиштето.

                                    ЦЕНТРАЛНО УЧИЛИШТЕ „ТОДОР АНГЕЛЕВСКИ “-БИТОЛА

-Во централното училиште „Т.Ангелевски“-Битола молерисани се поголемиот дел од училниците во подрумот и првиот спрат од училиштето,мрсно,посно.

-Престојот во централното училиште е опремен со 8 нови пластчни масички во боја заедно со 32 разнобојни столчина,со нови подлоги за престојување и играње на децата од престојот.

-Истружен и лакиран е паркетот во поголемиот дел на училниците од првиот спрат во централното училиште.

-Училниците во централното училиште со подновени со нови   плазма телевизори.

-Извршена е промена на   искршените прозорци во централното училиште.

-Бојадисани се клупите и масите во училишниот двор,засадени се зимселени дрвца и цвеќиња.

-Поставена е телефонска линија во централното училиште ,со интернет и аларми за обезбедување на училиштето.

-Направено е комплетно реновирање на спортската сала во училиштето,истружен е и излакиран е паркетот 90 м2 ,купени се два комплет дресови за сите училишни спортски екипи,набавени се 16 топки и обрач за кошарка во училишниот двор,променети се неонките низ училиштето и нови комплети лед штедливи неонки ,три за спортската сала и една училница. Набавени се две нови справи во спортската сала ,вратило и разбој.

                             ПОДРАЧНО УЧИЛИШТЕ „ТОДОР АНГЕЛЕВСКИ “-населба СТРЕЛИШТЕ

Направено е молерисување во училиштето.

Поставена е телефонска линија со интернет и аларми за обезбедување во училиштето.

Во училишниот двор посанени се зимзелени дрвца,со уредување на училишниот двор.

По повод Денот на планетата Земја и патрониот празник на ОУ „Тодор Ангелевски“ во соработка со ЈП „Комуналец“ во Еко куќичката се одржа еко активност со цел намалување на отпадот преку селектирање на био отпадот.

-Вредните ученици на наставничките Мирјана Тасевска, Јасмина Ортаковска, Гордана Ѓоргиевска и Слаџана Бојаџиева им презентираа искуства од ОУ „Тодор Ангелевски“ за производство на био отпад и производство на компост- хумусна, плодна почва.

Во проектната активност се вклучија и ОУ,,Св. Климент Охридски“, ОУ „Ѓорги Сугарев“, ОУ „Коле Канински“ и ОУ„ Трифун Пановски“  и решивме сите заедно да ги засукаме ракавите и веруваме сите заедно ќе добиеме компост, изјави Љубица Стерјева директор на  ОУ „Тодор Ангелевски“-Битола.

todor 1

Патеките што водат до прочуениот Филмски мост во Зовиќ во заедничка еколошка акција од ѓубре ги исчистија ученици од Основното училиште „Тодор Ангелевски“ од четврто три одделение, предводени од наставничката Весна Гагаловска во соработка со месното население.

Ученици од деветто одделение од Основното училиште „Тород Ангелевски“ од Битола постигнаа голем успех на регионалниот натпревар по германски јазик што се одржа викендов во Прилеп. Деветтодделенците од ова училиште, на кои им предава наставничката Симона Монавчева, освоија две први и две втори места на натпреварот. Првото место го освоија Кристина Мицковска и Елена Марковска, а втортото место Илиана Николовска и Петар Божиновски. На натпреварот учествуваа ученици од Битола, Прилеп, Кавадарци, Неготино и други општини. Од ова училиште редовно постигнуваат високи резулати и на натпреварите по други предмети. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани